Томи Хилфигер и Мерцедес повторно ги здружија силите: Топ машка колекција
Томи Хилфигер неодамна лансираше машка колекција наречена TommiXMercedes-Benz 2020, со цел да претстави работи што се направени од рециклирани и одржливи материјали.
Сето тоа е дел од повеќегодишното партнерство на брендот со шесткратниот шампион во Ф1, Мерцедес-АМГ Петронас. Томи Хилфигер стана официјален партнер за облека во тимот во 2018 година, а сега тој продолжува да работи повторно со нив.
Четвртата соработка помеѓу дизајнерот и производителот на луксузни автомобили има слоган „Не троши ништо и поздрави ги сите“. Колекцијата содржи парчиња со одржлив памук, а предност имаат бомбер јакните исполнети со рециклирани материјали, како и ватирани елеци создадени од еколошки материјали.
Целта на овие два бренда е да му покажат на светот дека е можно да се направат одлични колекции на облека со употреба на материјали што не се опасни за околината и што помагаат нашата планета да биде почиста и поздрава. Сметаме дека тие успеаја и во оваа мисија, бидејќи работите што ги презентираа се навистина феноменални.
Фото: Да Ман