Топ 10 дестинации кои мора да ги посетите до крајот на оваа година

Од историски знаменитости до атракции на модерното време, од ридести предели до приморски одморашалишта, вински и шопинг дестинации, сајтот Трип Адвистор ја претстави листата на дестинации која ќе ви помогне да пронајдете нешто што ви одговара на вас.

10. Убуд, Индонезија

Замислете на бескрајни полиња со ориз, мајмуни и скриени спа центри и културни споменици - тоа е она што Убуд го нуди. Доколку барате место кое ќе биде мирно и тивко, Убуд е идеална дестинација за вас. За оние кои сакаат и малку авантури покрај одморот, овде постојат можности да посетите сплав на рекала Ајунг или пешачење покрај активниот вулкан. Како вистински микс на интересни детали и занимливости, Убуд се најде како 10 - ти на оваа листа.

9. Њујорк, САД

Њујорк има нешто во себе што ќе ве наведе да се заљубите во него. Шопингот во продавниците на Петтата авенија, прекрасните панорами на Менхетен и висококатницците, прошетката во Централ парк и посетата на иконската Емпајер Стејт, како и Статуата на Слободата се работите што го прославија Њујорк. Не ни чудно што Френк Синатра го крунисал овој град како најдобар на светот. Посетете го и уверете се.

8. Ханои, Виетнам

Доколку имате авантуристички дух и сакате да го разбудите, посетете го главниот град на Виетнам, кој е шармантен и постојано со гужви. Езера, паркови, булевари и повеќе од 600 храмови и пагода чекаат на вас. Задолжително посетете го и заливот Халонг кој се наоѓа во близина на Ханои, за да можете да уживате во погледот на малите острови кои излегуваат од смарагдно зелената боја.

7. Рим, Италија

Доколку сакате шетање, Рим секако мора да се најде на вашата листа. Лутате по улиците со калдрма, се губите во прекрасните уметности, архитектури и култури кои се понудени. Овој град е како отворен трговски центар и стари рушевени како Форумот и Колосеумот. Ниедна посета во Рим не би била комплетна без посетата на Ватикан, базиликата Св. Петар и музеите, како и ремек делата на генијалните умови како Микеланџело.

6. Прага, Чешка

Како шеста на листата се најде Прага, град кој е исполнет со историја. Со прекар „Град на стотина кули“, Прага е позната по своите историски и културни знаменитости, шарените барокни градби, готичките скулптури, синагогите и гробиштата. За оние кои не се љубители на историјата, Прага може да понуди голем број клубови и вински барови кои ќе ги задоволат.

5. Сием Рип, Камбоџа

Ова место мора да се најде на вашата листа на приоритети. Тоа е нешто како портал со античкото време, со величенствениот Ангкор Ват, пловечките села, ретките птици и сите други елементи кои се неопходни за квалитетен одмор - луксузни хотели, спа центри и ресторани. ТОа е место во кое долго се ужива и во кое се момент се впива и памети.

4. Париз, Франција

Оваа година, Париз се најде на четвртото место. Како светска престолнина на љубовта, модата, гастрономијата и културата, Париз секогаш е високо котиран поради своите знаменитости како Ајфеловата Кула, Триумфалната капија, Елисејските полиња и Нотр Дам катедралата. Ќе ги почувствувате искрите кои овој град ви ги нуди со прошетката низ неговите улици, пиењето на кафе во неговите шик скриени кафулиња. Кога зборуваме за шопингот, предметите кои овде може да ги пронајдете ги нема на ниедно друго место - без разлика дали зборуваме за брендирани продавници или за пазари.

3. Маракеш, Мароко

Дом џамија, палата и градина, овој средновековен град со својот лавиринт нуди неверојатно возбудување на секој чекор. Со понудатата на текстилот, грчариите, накитот, храната и уште многу повеќе, Мароко привлекува различни видови на туристи. Уживајте во овој град, пробидете ги своите сетила за звук и боја.

2. Истанбул, Турција

Живост и шареноликост е она што го опишува Истанбул, како и мешавината на стари и нови елементи. Овде ќе најдете џамии стари и неколку векови, кои коегзистираат со модерни ресторани и галерии. Посетете турски храм и откријте ги своите грижи и умор. Овој град е исполнет со минариња, подземни византиски цистерни и други детали, а она што задолжително мора да го видите е Топкапи палатата, која е дома на неколку генерации султани и нивните жени.

1. Лондон, Обединетото Кралство

Оваа година, Лондон се најде на првото место на листата. Неговите атракции се секако познати на целиот свет, па ќе ви наброиме само неколку, како што се Лондонското око, музејот на восочни фигури - Мадам Тисо, крстарењето по Темза, како и дека посетата на Бакингемската палата е задолжителна. За љубителите на шопингот, улицата Оксфорд е вистински рај. Кога ќе го посетите Лондон, мора да ги пробате традиционалните јадење, како крцкава риба и компир, а чајот во 5 часот е едноставно задолжителен.