Топ 10 летни книги за модерни мажи

 

6. „Невидливо“ ‒ Пол Остер

Приказната на „Невидливо“ ја раскажуваат три различни раскажувачи. Романот временски се протега од 1967 до 2007 година и дејството се движи од Морнингсајд хајтс во Њујорк, продолжувајќи во низа случки на левиот брег на Париз, па сè до еден далечен остров на Карибите. Ова е една книга за младешкиот гнев, за незаситноста на сексуалните апетити и за неуморната потрага по правда.

Бескомпромисен во поглед на острината на увидот, Остер нè поведува на патување низ замаглените меѓупростори на вистината и сеќавањето, на границата меѓу авторството и идентитетот, така создавајќи едно дело со незаборавна моќ што ја потврдува неговата репутација на ’еден од најспектакуларно инвентивните американски писатели‘.

7. „Дигитално злато“ ‒ Натаниел Попер

„Дигитално злато“ е досега најобемната историја на биткоинот и претставува возбудлива приказна наменета како за биткоин-ентузијастите, така и за неупатените во областа на криптовалутите. Ова исклучително читливо и возбудливо четиво ја следи несмасната работа на основачот на „Мт. Гокс“, Марк Карпелес, подемот и падот на „Патот на свилата“ и деловните авантури на биткоин-проповедниците, Роџер Вер и Чарли Шрем. Покрај новинарски прецизните и документирани преданија, книгата содржи и лесно разбирливи објаснувања за техничките, но и за пошироките економски, па и филозофски аспекти на криптовалутите и технологијата на блоковски синџир.

Оваа книга е задолжителна литература за секој што сака да го разбере она што многумина го сметаат за најголем пронајдок после интернетот.

8. „Распаметен: петнаесет размислувања за креативноста, умот и бизнисот“ ‒

Дејв Бирс

Авторот, говорник, едукатор и консултант, Дејв Бирс, сака да ги демистифицира световите на креативност и иновација. За жал, овие области се натрупани со толку многу митови и глупости, така што повеќето луѓе воопшто не ги разбираат. Дејв објаснува како луѓето и организациите може да смислат повредни идеи. А дури им помага на некои од бизнисите да го постигнат токму тоа. Голем дел од својата кариера тој го има поминато во помагање да се водат креативните оддели на некои од најголемите и најдобрите рекламни-агенции во Велика Британија, меѓу другите и „Огилви уан“, „Мекен ворлдгруп“, „Поук“ (OgilvyOne, McCann Worldgroup и Poke). Во 2010 година ја напушта индустријата, со цел да го истражува поширокиот свет на идеите. 

Неговите говори и работилници не само што ги разоткриваат лагите и недоразбирањата во врска со креативноста и иновацијата туку воведуваат и нови методологии, упатства и практични вежби. Тие се фокусирани на тоа да им помогнат на компаниите да ја вградат креативноста во својата култура и да им покажат како да ја применат, со цел да решат реални проблеми од секој бизнис-аспект. Во оваа книга има 15 примери за размислувањето на Дејв Бирс со молив, на интернет-пребарувач, членска книшка од библиотека и тастатура. Некои мисли сигурно се подобри од други. И бидејќи тој секогаш ги предизвикува и ги надградува своите знаења, сигурно ќе најдете и неколку контрадикторности.

9. „Приказна за мустаќот“ ‒ Тахсин Јуџел

Главниот јунак во „Приказна за мустаќот“ од Тахсин Јуџел е токму еден исклучителен мустаќ што го обојува мирниот живот на едно турско гратче со години, еден мустаќ кој, според многумина, се одделува од неговиот сопственик и живее свој, посебен живот. Жителите на градот во него гледаат и обележје на нивното минато и светол знак на нивната иднина. Берберот кој се грижи за него секој ден го смета за сопствено ремек-дело; според девојките, тој навечер летнува и, влегувајќи низ отворените прозорци, ги посетува во нивните постели; а градскиот поет никако да ги најде вистинските зборови за да го опише и да го опее соодветно.

Што се однесува до неговиот сопственик, како мустаќот станува сè пограндиозен, така тој станува сè поневидлив, понезабележлив, преминува во втор план. Ги губи речиси сите други својства и карактеристики освен онаа на носител на еден монументален мустаќ, дури и самата машкост, но, и покрај тоа, и тој самиот мустаќот го смета за најважен од сè. Единствениот отпор, единствениот противудар во однос на ова, според малкумина, замрачување на умот, доаѓа од неговата сопруга, но стигнува предоцна...

10. „Фројд, биолог на умот: зад легендата на психоанализата“ ‒ Френк Џ. Саловеј

Во оваа монументална интелектуална биографија, Френк Саловеј покажува дека Фројд секогаш, и покрај одрекувањата, бил еден „биолог на умот“ и дека

неговите најкреативни инспирации навистина во огромна мера црпат од

биологијата. Саловеј ги анализира политичките аспекти на сложениот мит за Фројд согледан како „психоаналитички херој“ кој му служел на зацврстувањето на аналитичкото движење. Оваа книга претставува револуционерна повторна процена на Фројд и на психоанализата.

За повеќе информации и нарачка на книгите од издавачката куќа „Арс Ламина“, кликнете на овој линк.



Претходна страна