ТОП 5 машки фризури со средна должина за 2021 година
Ако сакате косата да ви биде малку подолга, тогаш ова се фризури за вас ...
Бидејќи студеното време нагло тропна на нашата врата, не е лошо да помислите на фризура што ќе ја заштити главата и ќе ве загрее. Ако сте некој кој сака да носи кратки фризури, тогаш подобро е да не ја напуштате куќата без капа бидејќи во спротивно ќе замрзнете.
Затоа решивме да ви претставиме фризури кои се одлични за зимата и кои ќе направат да се чувствувате потопло, но и да изгледате како вистински шармер и заводник. Сите фризури што ќе ги видите се лесни за одржување и се создаваат на сличен начин. Косата на страната на главата треба да биде пократка, додека косата на скалпот е подолга. Сите фризури се постигнуваат главно со сечење со ножици, така што вашите фризери ќе можат да ги реплицираат без многу проблеми.
Овие фризури нема да мора редовно да ги одржувате, бидејќи изгледаат одлично, дури и кога косата е малку подолга, така што нема да имате потреба да одите често на фризер, што значи дека ќе заштедите малку пари.
Тимот од каналот на Youtube „SlikHaar TV“ ги претстави овие фризури на видеото подолу:
Извор: Мушки магазин.рс