Топ 5 машки парфеми кај нас: Совршен Новогодишен подарок
Дали знаете самите да се изненадите и да си купите подарок? Тоа е здраво, пожелно и иницира среќа. А среќата е во малите нешта, нели? Како парфемите, на пример. Толку голем избор, а само најдобрите парфеми оставаат трага и што не многу битно, жените ја паметат. Се разбира, тука сме да ви посочиме кои парфеми да ги одберете или да ви ги одберат за подарок. Новогодишните и Божиќните празници се какo создадени за подароци. Бирајте паметно и со стил.
Ви издвојуваме топ 5 машки парфеми од парфимеријата „Еликсир“ кои ја одбележаа и годината и деценијата, а мажите ги обожаваат:
Giorgio Armani Code Absolu
Цена: 3,420.00 ден. 30 ml.
Armani Code Absolu e нова интерпретација на оригиналниот мирис со нагласени топли базни ноти.
Antoine Maisondieu (Givaudan) и овој пат успева да креира заводливо ремек дело – исклучително сложена и вибрантна приказна чија што нагласена сензуалност ги покорива сите правила.
Мирисот се отвара на ноти на зелена мандарина и јаболка. Во срцевината се крие оригинална сензуалност на цвет од портокал, мускатно оревче и семки од морков кои ја надополнуваат препознатливата нота на зрно тонка и акордот на рум, додавајќи му на мирисот дополнителна димензија.
Drydown ги открива раскошните и топли мажествени ноти проткаени со кадифен прав, интензивни акорди на зрно тонка и пробрана ретка ванила.
Armani Code Absolu е совршено еднаков спој на свежина, незаборавна елеганција и мажествена сензуалност. Го претставува досега најзаводливиот кодекс кој го нуди линијата на мириси Armani Code.
Boss The Scent Private Accord
Цена: 3,130.00 ден. 50 ml.
BossHugo Boss ја дополнува извонредната колекција The Scent, со лансирање на новите изданија – Boss The Scent Private Accord for him и Boss The Scent Private Accord for her. Ова дуо ја открива “разиграната, палава“ страна на Boss актерите. Парфимерот Bruno Jovanovic овој пат го направи Boss The Scent Private Accord for him дрвенесто-ориентален мирис, најавен како заводлив, мажествен и елегантен. Благодарение на софистицираната мока, која е помешана со исклучителните ноти на ѓумбир и егзотичното овошје Манинка, сетилата се комплетно заведени. Темниот џус со боја на килибар, е вметнат во препознатливото шишенце со метално капаче во кафеава боја.
Gucci Guilty
Цена: 2,500.00 ден. 50 мл.
Gucci Guilty Pour Homme е интензивен и ароматичен мирис дизајниран за провокација. Горните ноти се составени од мирис на италијански лимон, мандарина, мешавина од зелени листови и розов бибер. Примамливата срцевина од лаванда е измешана со топол коријандер, цветови од портокал и есенцијални масла. Сите овие ноти се подредени на мажествената база од кедар и пачули која интригира и заведува.
Viktor & Rolf Spicebomb Extreme
Цена: 5,620.00 ден
Spicebomb Extreme е Spicebomb засилен до максимум. Мирисот е исклучително електризиран, поинтензивен, посмел, појак во споредба со својот претходник. Тој е пикантна мешавина од зачини кои креираат впечатливи контрасти: чили и шафран во комбинација со елемием и розов бибер. Со други зборови ова е комбинација на топли и ладни зачини, сурова машкост и отмена заводливост.
Yves Saint Laurent L`Homme Parfum Intense
Цена: 4,340.00 ден L`Homme Parfum Intense започнува со цитрусна свежина на лимон и бергамот, зачинети со интензивен мирис на црн бибер. Во вибрирачко и магнетно срце на мирисот се наоѓаат елегантниот лист на љубичица потопен во опојна сладост на цвет од портокал. Базните ноти се интензивираат преку дрвенестите акорди на јантар измешани со есенција на кедар и смола.