ТОП 5 најпознати коцкари во светот
Тие обожуваат да се обложуваат, да играат карти и да искусуваат среќа, само за да добијат уште поголема количина на пари.
Коцкањето е
старо, колку и самите пари и многу мажи имаат неодолива желба да се коцкаат, а
воедно да заработат и по некоја пара. Истражувањата покажуваат дека чувството
на добивка на ваков начин, предизвикува неверојатна среќа и создава зависност,
па токму поради таа причина огромен број на мажи го имаат овој проблем.
Ние одлучивме да ви ги претставиме 5те најголеми и најпознати коцкари на светот, кои имаат изгубено енормна количина на пари.
Број 5. Чарли Чин
Чарли Чин е актер кој има прилично лоша репутација. Тој се смета за еден од најголемите женкари и алкохоличари, но освен тоа, тој е и страсен коцкар, кој едноставно не престанува да паѓа во искушение од својата среќа. Неговата бивша жена, после разводот призна дека во еден период Чарли губел по 200.000 долари секоја недела, поради покер.
Број 4. Џон Монтаг
Џон Монтаг е најпознат по сендвичот, бидејќи прв го измислил и претставил. Тој бил екстремен коцкар кој не сакал да ја напушти коцкарницара, ниту да јаде ако не е завршена партијата. Токму и поради таа причина, тој прв почнал да става храна помеѓу две парчиња леб, само за да може да јаде, додека се коцка и така несвесно го измислил најпопуларниот оброк на светот.
Број 3. Тоби Мегвајер
Актерот кој се прослави глумејќи Спајдермен е моментално надвор од холивудската сцена и ретко се појавува по филмови и медиуми. Иако, актерот е многу пријатен и професионален, тој е страствен коцкар кој обожава да игра покер. Во 2004 година почнал да се пријавува и на професионални покер турнири каде што покажал одлични резултати.
Број. 2 Бен Афлек
Изгледа дека богатите холивудки актери едноставно мора да се коцкаат, а Бен Афлек е вистински пример за тоа. Афлек призна дека обожава блекџек и дека е во состојба да изгуби огромна количина на пари, додека не ја добија партијата.
Број 1. Арнолд Ротстејн
Арнолд Ротстејн бил американски бизнисмен, рекеташ и коцкар, кој во 1920та година станал најголемиот криминален бос во Њујорк. Бил познат по наместените спортски случувања и за време на своите опклади, знаел да гуви и по милиони долари. Убиен е во 1928 година, кога противничка банда го пукала, додека бил на состанок.