Топ 5 најскапи филмови некогаш направени
Холивудските филмови стануваат се поголеми, понапредни, но и
поскапи секоја година. Некогаш, филмовите од 10-20 милиони долари беа
незамисливи, а денес имаме филмови кои ги надминуваат бројките од неколку
стотици милиони долари. Режисерите, сценаристите и другите креатори кои работат
во филмската индустрија се обидуваат да ги поместат границите секоја година, со што вложуваат огромни суми пари
за да направат нови филмови подобри и попривлечни.
Најмногу пари во филмската индустрија се користи за создавање масивни и фантастични филмски сетови и визуелни ефекти што ја создаваат филмската магија што сакаме да ја видиме на филмското платно.
Овој пат решивме да дадеме осврт на годините зад нас и филмовите кои се најскапи досега. Повеќето од овие филмови успеаја да остварат убав профит и да ги вратат вложените пари, но некои, за жал, не успеаја. Ама се‘ се врти околу два филма и продолженијата.
Еве за кои филмови станува збор:
Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides
Снимен 2011 година. Чинеше 379 милиони долари
Avengers: Age of Ultron
Снимен 2015 година. Чинеше 356 милиони долари
Avengers: Endgame
Снимен 2019 година. Чинеше 356 милиони долари
Avengers: Infinity War
Снимен 2018 година. Чинеше 316 милиони
долари
Pirates of the Caribbean: At World's End
Снимен 2007 година. Чинеше 300 милиони долари