ТОП 5 пијалоци кои треба да ги пиете после секој тренинг
После напорниот тренинг, вашето тело е уморно, дехидрирано и без енергија, па од големо значење ќе биде ако веднаш го нахраните..
Ако сте спортист
кој редовно тренира и кој секојдневно има напорни тренинзи, тогаш знаете
колкаво е значењето на добрите намирници и квалитетните напитоци. После тренингот
вашето тело е уморно и као сакате да направите одличнби резултати, тогаш мора
добро да го нахраните и регенерирате.
Иако, храната е од клучно значење, пијалоците исто така имаа голема улога, бидејќи го хидрираат организмот.
Преку течности може да внесете многу витамини и хранливи намирници, па сигурно псоле тренингот се советувате кој пијалок може да ви го овозможи најдоброто.
Ако не знаете кој напиток да го припремите, не грижете се, ние ќе ви помогнеме.
1. Кокосова вода
Кокосовата вода е полна со електролити и антиоксиданси кои го обновуваат вашето тели и го чистат од штетните материи, па после тренингот ќе се чувстувате свежо и енергично.
2. Цеден сок од портокал
Не само што ќе ви овозможи хидратација, сокот од портокал ќе ви даде доволно витамини и здрава доза на шеќер кои ќе ви ја поврата енергијата и ќе ви овозможат да се чувствувате здраво и позитивно.
3. Чоколадно млеко
Додека тренирате трошите огромен број на калории и енергија, па нема ништо подобро од чоколадно млеко кое е вкусно, а притоа содржи хранливи состојки кои ќе ве нахранат и ќе ви ги обноват мускулите.
4. Јогурт
Јогуртот е исто така одличен производ кои ќе ви послужи како сјаен протеински пијалок после тренигот, кој ќе ве нахрани и разлади во исто време.
5. Протеински шејк
Секако, доколку сте во можност, протеинскиот шејк е најдобриот начин за да го регенерирате вашето тело после тренингот. Не само што ќе го нахраните вашето тело, туку ќе внесете и доволна количина на протеини во вашиот организам.