Топ 6 трендови за празнично уредување на домот и китење на елката: Ентериер како од бајките

Ако сè уште размислувате за најубавиот начин за украсување на вашиот дом за празниците, еве неколку идеи - ви ги претставуваме најдобрите 6 трендови за украсување оваа година!

1. Алтернативни елки


Ако немате простор за голема елка во вашиот дом или едноставно не сакате да се мачите со поставување новогодишна елка, имате среќа затоа што необичните новогодишни елки се едни од најголемите модни трендови оваа година кога станува збор за украсување на домот. Во споредба со класичните новогодишни елки, тие не собираат прашина, не оставаат иглички и лесно ќе се постават на секој агол од домот, останува на вас да ја изберете онаа која најмногу ви одговара и која ќе се вклопи во внатрешноста.

2. Празничен декор изработен од природни материјали


Како и во претходните сезони, и оваа година празничниот декор изработен од природни материјали го има главниот збор. Постелнини, чаршафи, празнични украси од хартија, украсни дрвени предмети или букети од сушени цвеќиња или овошје обезбедуваат природен и лежерен празничен изглед дома, далеку од кичот.

3. Заживување на ретро декорот


Љубителите на носталгијата кога станува збор за празничен декор оваа сезона имаат многу можности. Традиционалните „винтиџ“ украси сè повеќе се бараат, и ако веќе имате такви примероци во вашата колекција на новогодишни украси, идеално време е да ги истакнете.

4. Розови тонови


Иако црвената и зелената боја станаа синоним за сезоната на празници, оваа година сè се врти околу пастелните тонови, предводени од розовата боја. Без разлика дали станува збор за украси од новогодишна елка или украси што ќе ги поставите на масата, тие ќе му дадат на вашиот дом доза на женственост и топлина.

5. Црна боја


Ако пастелните тонови се премногу разиграни за вашиот вкус, можеби ќе сакате да размислите за црн декор за празниците. Истакната на празничните украси, црната изгледа гламурозно и елегантно, особено кога станува збор за декоративни елементи со златни детали.

6. „Cabincore“

Фото: www.kellyelko.com

Таканаречената естетика „cabincore", покрај светот на модата, го зазеде и светот на дизајнот на ентериерот. Tермин e добиен од англискиот збор „кабина“, што значи колиба, а во ентериерите се однесува на елементи како што се удобни ќебиња и перници, мотиви на диви животни, кариран дизајн и многу свеќи и додатоци од камен што го претвораат домот во рустична празнична оаза.