Топ факти за фудбалот: Еден ќе ве изненади
1. Фудбалот потекнува од Кина како традиционална игра 476 години пред нашата ера.
2. Преку една милијарда фанови во исто време гледаат Светско фудбалско првенство на малите екрани, што го прави фудбалот најпопуларниот спорт во светот.
3. Најголемиот фудбалски турнир се одржал во Бангкок во 1999 година и учествувале 5.098 тима и вкупно 35.000 играчи.
4. Максималниот број голови постигнати од страна на еден играч на еден натпревар е 16, а ги дал Стефан Станис од Франција играјќи за Racing Club de Lens во декември 1942.
5. Според видеодоказ, најбрзиот гол во историјата на фудбалот го дал Рикардо Оливера од Уругвај во 2,8-та секунда од натпреварот.
6. Голманите не биле обврзани да носат различна боја на дрес од другите членови на тимот сè до 1913 година.
7. Фудбалерите трчаат приближно по 9,65 километри во текот на натпреварот.
8. Првиот кошаркарски натпревар е одигран со фудбалска топка.
9. Европските репрезентации стигнале до финалето на секое одиграно светско првенство, освен во 1930 и 1950 година.
10. Најмногу поени освоени на фудбалски натпревар му се припишуваат на тим од Мадагаскар. Фудбалерите дале 149 автогола како некој начин на протест и искажување револт поради неферските одлуки на судијата.
11. Роналдињо стана центар на вниманието кога постигна 23 гола на натпревар што заврши со резултат 23-0, а тој имаше само 13 години.
12. Низ целиот свет постојат 27 професионални фудбалски клуба што како свој прекар зеле наслов на песна од Битлси. Најпознати се Villarreal од Шпанија, кои се нарекуваат - the Yellow Submarines.
13. Нил Армстронг на своето слетување на Месечината сакал со себе да поведе фудбалска топка, како предмет што го претставува човештвото, но НАСА сметала дека таа не е толку типично американска.
14. Фудбалската топка има непроменета големина и форма 120 години.
15. Повеќе од 80% од фудбалските топки во светот се произведуваат во Пакистан.