Топ хотели за семеен одмор во Анталија: Ги посетивме, а би требало и вие

Кога станува збор за летување, на родителите им е тешко да ја изберат идеалната дестинација за одмор за целото семејство - потребно е да има доволно простор за најмладите членови, и толку многу што овој простор не е узурпиран од други посетители. За оваа година ние велиме ајде на одмор во Турција, и Анталија.

Карактеристично за одредени дестинации во Турција е што поттикнуваат „семеен туризам“, но бидејќи ривиерата Анталија нуди бројни хотели, нема да ви биде лесно да одлучите.

За да ви олесниме малку при изборот, ви препорачуваме неколку феноменални хотели за семеен одмор, каде ќе можете максимално да уживате со деца. Токму тие, ние ги посетивме, а имаат и одлични плажи.

На прашањето зошто е најдобар одморот во Турција со мали деца, одговорот лежи токму во тоа што во турските хотели може да се најде храна погодна за деца и бебиња.

Покрај тоа, турската ривиера одамна им е позната на македонските туристи по најубавите плажи, квалитетната услуга и незаменливото гостопримство.

Покрај прекрасните плажи, кои можат да влезат во светската листа на најубави, одморот во Турција на своите гости им нуди и други содржини, како што се спортови на вода, луксузни хотели и вкусна медитеранска кујна.

Женски магазин, благодарение на Фибула травел имаше можност да биде во обиколка на неколку луксузни хотели, a прв кој ни ги отвори вратите беше Cornelia Diamond Golf Resort & Spa ***** луксузниот хотел со 5 * во Белек.

Хотелот се наоѓа во Белек на 35 км од аеродромот и 45 км од центарот на Анталија и има приватна песочна плажа. 

Хотелот располага со 611 соби поделени на главната зграда (8 ката) и вила дел.

Покрај плажата, децата можат да се забавуваат и во отворени и затворени базени, лизгалки, додека за возрасните тука се турската бања, сауна, тениски терени, пинг-понг, одбојка на плажа, кошарка. Имате мини клуб за деца со тим за анимации и програми за деца од 1 -17 год. во различно организирани групи по возраст, и уште многу разни активности за кои повеќе може да прочитате на веб страната на Фибула која го нуди овој хотел.

Што се однесувца до храната сѐ е All inclusive. Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани со медитеранска, турска кујна, источно азиска, јужно американска кујна, рибен ресторан, ресторан за скара, барови низ целиот хотелски комплекс. Храната е неверојатна, и нема потреба да се грижите за ништо, бидејќи, ништо нема да ви недостасува.

Наша втора препорака е Well Palace**** хотелот во Сиде, ексклузивниот хотел на Фибула травел. 

Хотелот е се наоѓа во Евренсеки, на 6 км од Сиде и 50 км од аеродромот во Анталија.

Самиот хотел има главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со италијанска, рибна и турска кујна, барови околу целиот хотелски комлекс, диско клуб, бар со закуски на плажа.

Хотелот има песочна плажа на 400 метри. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни и Ииа бесплатен превоз до плажа,  а сите детали може да ги погледнете овде.

Третата наша препорака за одмор со деца во Анталија, поточно во Кемер е Mirage Park Resort.

Прекрасно одморалиште со 5 ѕвезди на плажа, Mirage Park Resort е идеален за одмор на плажа во Турција.

 Со одлична локација во популарното одморалиште Анталија, комплексот е погоден и за семејства и за парови - да не зборуваме за неговиот фантастичен опсег на објекти кои имаат за цел да ги задоволат сите ваши потреби за одмор.

Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 7 км до центарот на градот Кемер и 45 км од аеродромот во Анталија. Има хтелска приватна плажа со камчиња и песок, со бесплатни крпи за плажа, лежалки и чадори за сонце.

Надворешни и внатрешни базени со детски базени, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, тениски терени, мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг, мини голф се бесплатни.

Спортови на вода, куглање, билијард и играчница, осветлување на тениски терени, опрема, часови по тенис, СПА и велнес...

Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми, мини клуб Andy & Angel за деца од 4 -12 години поделени групи според возраста, детско кино, игри на базен, игралиште.

Услугата е феноменална. All inclusive plus/ultra.

Шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски доцна навечер, ран појадок, закуски во текот на денот во снек бар на плажа и базените, слаткарница, сладолед, специјален дел за деца во главниот ресторан и во мини клубот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Има безглутенска кујна и ресторан во кој се служат специјални оброци за појадок, ручек и вечера, оваа кујна е целосно одделена од другата кујна. 

И нашата четврта препорака за семеен одмор е Arnor De Luxe Hotel & Spa хотелот со 5*.

Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 1 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.

Токму таму родителите ќе можат буквално да се опуштат и да ги предадат најмалите во рацете на тимот кој ќе се грижи феноменално за нив во просториите кои се уредени како вистинска градинка.

Има хотелска приватна песочна плажа на 1200 метри од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Бесплатен превоз до плажа на секои 15 минути.

Услугата секако е All inclusive plus/ultra.

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски ресторан, рибен ресторан, италијански ресторан и мексикански ресторан, бар на базен, бар за закуски на плажа, лоби бар, диско клуб.

Кој од хотелите и да го изберете, нема да згрешите. Заслужувате вистински одмор, каде нема да се грижите буквално за ништо. Пакувајте ја облеката, и препуштете се на одморот од соништата.

Ирена Ставрова


ПР објава