Топ листа: Најскапите вина за 2022 година- ќе ви се заврти во глава
Кои се најскапите вина во светот, чија цена продолжува да расте со текот на времето?
Слободно можеме да кажеме дека се работи за уникатни производи што можат да ги изненадат оние со рафинирано непце, а кои истовремено се сметаат за големи можности за инвестирање. Исто така, можеме да кажеме дека секој клиент може да најде вино што е совршено за него. На некои луѓе им е тешко да потрошат над 200.000 долари на шише ексклузивно вино, ама на други...
Има нешто во виното што го претвора во вистинско кралско искуство со секоја голтка. Тоа е дел од античките приказни, се нарекува пијалок на кралеви и се карактеризира со богат вкус, мирис и боја.
Сепак, оние стари, скапоцени вина, кои сега се мудри како и старите луѓе од епските песни, се привилегија што ја имаат само најбогатите меѓу нас - со оглед на тоа што со секоја измината година нивната цена расте, овој дел од приказната е сосема јасен.
Ова се петте најскапи вина во светот за 2022 година:
4. 1947 CHEVAL BLANC – 304,375 долари
3. JEROBOAM OF CHATEAU MOUTON-ROTHSCHILD 1945 – 310,700 долари
2. SCREAMING EAGLE CABERNET SAUVIGNON 1992 – 500,000 долари
1. 1945 DOMAINE DE LA ROMANÉE-CONTI, ROMANÉE-CONTI GRAND CRU – 558,000 долари