Стил // Хедонизам
Топка сладолед чини 800 евра: Посипана е со злато, а чинијата Версаче во која се служи може да ја задржите (ФОТО+ВИДЕО)
Сладоледот Black Diamond чини повеќе од злато. Едно топче вреди 800 евра,
а се прави и служи во кафулето Скупи(Scoopi Cafe) во
Дубаи.
Еден од најскапите сладоледи во светот е Absurdity Sundae, кој чини околу 60.000 евра по порција. Многу поевтин се прави во Дубаи.
Името на сладоледот Black Diamond не е случаен. Скапоценото ледено задоволство е направено од свежи зрна ванила од Мадагаскар прелиени со 23 каратно злато кое се јаде, шафран од Иран и црн тартуф од Италија.
Сладоледот се служи во чинии Версаче кои клиентите можат да ги задржат откако ќе го изедат сладоледот.
Фото и Видео: Инстаграм