Топлина која ги опушта сите сетила: Загрејте се побрзо и поздраво со Hisense

Летото и тропските горештини се зад нас и наеднаш сме речиси во доцна есен! Како што се намалуваат температурите, многумина веќе размислуваат за начини како да обезбедат топла и пријатна средина во текот на претстојната зима. Прогнозите укажуваат на постудени денови од минатите зими, но и на чести временски промени, па затоа е вистински момент да размислите за ефикасни решенија за греење. Во потрагата по удобност и заштеда на енергија, клима уредите станаа одличен избор - особено благодарение на напредната инвертер технологија, која овозможува оптимална контрола на температурата со значително помала потрошувачка на електрична енергија.

Hisense Energy Pro X клима уредот се издвојува поради брзото и поздраво загревање на просторот, што дополнително ги намалува трошоците за греење. Дополнително, модерниот дизајн на овој клима уред лесно се вклопува во секој ентериер, а долгорочната заштеда на сметките за струја го прави паметна инвестиција за претстојните студени месеци. Имајќи ги предвид сите предности што ги нуди, време е да размислите да набавите клима уред кој не само што ефикасно загрева, туку придонесува и за поздрав воздух во вашиот дом.

Подготвени за секоја температура, со заштеда

Класифициран на А+++ енергетска класа при ладење и греењеHisense Energy Pro X клима уредот е вистинскиот избор за заштеда на енергија со квалитетно и сигурно работење. Економичноста се постигнува благодарение на 360° Full DC инвертер технологија, која овозможува интелигентно работење и ја намалува загубата на енергија. Компресорот работи непречено и ефикасно, контролата на температурата е попрецизна, а единицата е тивка. Исто така, без комплицирани поставки, клима уредот веднаш влегува во режим на заштеда на енергија за да ја намали потрошувачката. Во ConnectLife апликацијата, можно е да се следи потрошувачката преку статистички приказ на моќноста, да се контролира клима уредот од далечина и да се програмира за уште поекономично користење. Важно е да знаете дека Hisense Energy Pro X клима уредотможе да работи и на температура од -22°C, како и дека надворешната единица има грејач, што спречува создавање мраз и прекин на работа при екстремно ниски температури.

Hisense Energy Pro X клима уредот има и Smart Eyeфункција. Паметното око ги чувствува позицијата и протокот на топлина на човечкото тело и соодветно на тоа, ја прилагодува насоката на протокот на воздух на клима уредот. Протокот на воздух на тој начин ќе биде паметно дистрибуиран во околу корисникот.Левиот и десниот независен дизајн на дефлекторот за воздух му овозможува на корисникот да го контролира протокот на воздух со далечински управувач. Протокот на воздух ќе ги следи или избегнува луѓето, така што корисникот ќе се чувствува совршено удобно цело време.

Поздрав воздух во секој режим на работа

Топлиот воздух е важен, но здравиот воздух е уште поважен. HI-NANO може ефикасно да ги отстрани вирусите и бактериите, вклучително и коронавирусот (COVID-19) со ослободување на јони со висока концентрација, создавање пријатна средина и заштита на здравјето. Во зимските денови почесто сме дома, па оваа функција е исклучително важна. Докажано е дека HI-NANO отстранува 92,6 проценти од H1N1 и стерилизира 88,54 проценти од E.coli за два часа. Здравите јони со висока концентрација можат ефикасно да ја отстранат прашината од воздухот, бидејќи докажано е дека HI-NANO отстранува 60,07 проценти од PM2.5 честичките за два часа, прочистувајќи го воздухот во просторијата. HI-NANO технологијата е докажано безбедна и одобрена за користење на UL ознаката. За време на работата, воздухот поминува низ неколку филтри и секој има функција да обезбеди подобра и поздрава животна средина. Hisense Energy Pro X клима уредотима витамин Ц филтер, катехин филтер, филтер со сребрени јони иХЕПА филтер. Исто така е можно да го прочисти чадот од тутун.

Многу е важно апаратите за домаќинство да бидат одржливи и да не и штетат на животната средина или на планетата. Затоа Hisense Energy Pro X клима уредот има R32 еколошки гас со поголем капацитет за ладење за истиот волумен. Тоа значи дека е потребно помалку средство за ладење во секој уред, со што се намалува глобалното затоплување. Предностите на R32 гасот се тоа што нема ефект врз озонот во воздухот, има 66 проценти помал GWP (влијание врз глобалното затоплување) од гасот R410A, поголема енергетска ефикасност и топлинска спроводливост.

Продолжена гаранција и лесно купување

На домашниот пазар, Hisense, убеден во неговиот квалитет, обезбеди продолжена петгодишна гаранција на компресорот за сите клиенти со регистрација на mk.hisense.com. Можете да го побарате Hisense клима уредите на веб-страницата на Hisense Македонија или низ продажната мрежа во Македонија. Одберете мудро и направете го вашиот дом оаза на чист и здрав воздух, без разлика колку е топло или ладно надвор.

Со Hisense клима уредите ќе бидете подготвени за најстудената зима, но и за сите температурни промени кои се се почести. Изберете мудро и изберете топлина која ги опушта сите сетила!

ПР објава