Тоше и Габриела Зафирови со бронза: Боди билдинг тандем за награди

Во многу силна конкуренција  на IBFF  PRO -HUNGARY 2019, Предатор куп за боди билдинг кој се одржа во Будимпешта, а кој значи и квалификација за светското првенство, Габриела Зафирова успеа да се пласита во топ 3 и да освои бронзен медал.  Со тоа, таа го потврди веќе загарантираното учество на Светкото првенство во Словенија- Брезице .

Тоше Зафиров настапи во Професионалци каде успеа да влезе во финале и да освои исто така бронзен медал.

Многу ми значи ова, ми ја крена мојата самодоверба на уште повисоко ниво. И двајцата сме горди на упехот. Достојно ја претставивме нашата држава. Можеби не сме најдобри, но знеме да ја претставиме нашата мила Македонија во најдобро светло- ни изјави Тоше.

Тие продолжуваат со припремите за Светското првенство кое ќе е одржи на 17 октомври, а тоа истовремено ќе биде најсилното органзирано такмичење со повеќе од 400 учесници во различни категории.

Н.Т.