Спорт // Спорт
Трабзонспор и Ал Ахли се договорија, Алиоски нов играч на шампионот на Турција
Како што јавува „Фанатик“ од Турција, кој се повикува на медиумите од Саудиска Арабија, Езџан Алиоски доаѓа во Трабзонспор на едногодишна позајмица.
Алиоски побара трансфер во Европа, го најде во редовите на турскиот шампион, има 30 години, според дел од медиумите во Турција, тој ќе заработува околу 2,5 милиони евра по сезона.
Алиоски минатата сезона одигра 30 натпревари за Ал Ахли, постигна 6 гола, тој стандарден член на македонската репрезентација.