Траен, остар и безвременски: Acqua Di Gio - парфем инспириран од морето
Ова е парфем инспириран од слобода, ветер, вода, море, бранови. Наменет е за сите слободни мажи. Во ова шише е скриено Медитеранот, кој има посебен шарм на зачинет цитрус збогатен со ароматичен рузмарин. На моменти парфемот е прилично остар, но со тек на време омекнува со топли мускисти ноти.
Acqua Di Gio Homme достапен како EDT е автентичен и природен мирис инспириран од свежото море, топлото сонце и богатството на земјата. Основните карактеристики на овој мирис се во целосна хармонија со стилот на г-дин Армани: безвременост, чистота, едноставност, елеганција, сензуалност. Свеж, чист, жив мирис, создаден од оригинална комбинација на јасмин, дрво и мошус што го носи човекот во заводливиот свет на соништата.
Мирисни ноти: портокал, мандарина, лимон, бергамот, јасмин,морски ноти, килибар...
Во нашите парфимерии овој парфем може да се купи од 3.400 до 7.400 денари, зависно од големината на пакувањето.Фото: luxurytopics.com/fragrantica.com