Тренерот на Динамо нема дилема, подобри сме од Шкупи, ние одиме понатаму во Лигата на шампионите
Шкупи и Динамо Загреб вечерва од 21 часот на арената „Тодор Проески“ го играат реванш дуелот од квалификациите за Лигата на шампионите, првата средба заврши со 2-2.
Македонскиот првак е пред голем предизвик, пред Шкупи е гигантот Динамо Загреб, тренерот на „модрите“, Анте Чачиќ е убеден дека неговиот тим ќе оди во следната фаза, на македонскиот првак е да му ги расипе сметките.
„Подготвени сме, овој реванш ќе покаже кој оди понатаму, ние ја прифаќаме фаворитската улогата, Динамо гледа со почит кон домашниот тим, но ние сме подобриот во овој двомеч. Имаме квалитетен состав, повеќе искуство во Европа. Дојдовме овде мотивирани, и со чисти срца, сакаме да го направиме она што се очекува од нас, а тоа е пласман во следната рунда“, изјави Анте Чачиќ.