Тренерот на Лехиа: Академија Пандев е одлична екипа, ние имавме лоши 15 минути

Академија Пандев одигра одлично во Скопје на реваншот со Лехиа, но загуби со 1-2, а имаше можност резултатот да биде поинаков на стадионот на ФФМ.

Тренерот на гостинскиот тим, Томаш Качмарек, е среќен за победата, Академија Пандев одигра одлични 15 минути, а потоа ја презеле контролата на средбата.

„Честитки за мојот тим за победата, заслуживме победа, во првите 15 минути, Академија Пандев ја контролираше играта, но потоа имавме контрола на мечот. За нас ова е историски момент, среќен сум, победата, за навивачите, за нивата поддршка, како да игравме дома, горди сме на прикажаното, заслуживме да одиме понатаму“ – изјави тренерот на Лехиа по мечот.