Тренинг за умот и телото на Мајкл Б. Џордан
Мајкл Б. Џордан стои зад голем број машки улоги што му помогнаа да се претвори во актерска суперaѕвезда и тој не користеше магија за да одговари на улогите ...
За време на бројни проекти, неговото тело беше изградено со напорна работа, но во одредени моменти, актерот мора да се опушти, уживајќи во одмор и рекреација. Токму во вакви моменти Џордан беше фотографиран од тимот на Men's Health, за време на неговиот одмор во Санта Барбара. Сепак, оваа пауза не значеше дека популарната sвезда целосно престана да го става своето тело пред разни предизвици со цел да ја одржи својата совршена состојба, но и титулата најсекси маж освоена минатата година, грижејќи се за здравјето на организмот и дух преку медитација.
Рутините на Џордан се брзи, ефикасни и, пред сè, грижливи према организмот. Актерот вклучува пливање во базен со низа кревања на тегови, засновани на голем број повторувања, наместо да крева големи тежини.
„Особено во мојот случај, со бројните повреди што ги претрпев низ годините, останувањето во вода ги одржува зглобовите здрави, намалувајќи го притисокот на одредени стари повреди додека го надминува нејзиниот отпор“, рече Џордан. После тегови, сквотови и кросфит јаже, Џордан ја завршува својата сесија за медитација за да го задржи умот фокусиран. Сето ова му помага на актерот да го прилагоди својот стил на обука и да создаде совршена форма за фитнес за следната улога.
Популарниот актер презентира неколку совршени совети за дневни рутини за обука, кои можете да ги вклучите во вашите планови, особено кога чувствувате дека вашето тело е преоптоварено. Овој вид вежба е многу лесен, но после него дефинитивно ќе се чувствувате многу подобро, особено по денот кога кревањето големи тегови е вашата главна цел.