Тренинг за време на настинка: Дали е паметно ова?
Настинката и другите симптоми на болест знаат да не сместат во постелата на неколку дена, меѓутоа, кога симптомите се поблаги, дали смееме да одиме на теретана и да вежбаме?
Не грижете се, ние го имаме одговорот на ова прашање.
Докторите го формулираат ова на многу едноставен начин – ако имате болки во грлото можете, ако имате болки под грлото, тогаш никако не можете да тренирате.
Симптомите и болките над грлото се главоболка, болка во синусите, кивање, течење на носот, болно грло и сл. Ако ги имате овие симптоми на настинка или грип, тогаш можете да тренирате, но со послабо темпо и интензитет. Многу е веројатно тренингот да ви помогне да ја победите настинката, бидејќи ќе ве раздвижи и добро ќе ве испоти. Ако се почувствувате дека немате сила и дека ви е лошо, тогаш сепак ќе мора да го одложите вашиот тренинг.
Меѓутоа, ако имате болки во градите, ако силно и често кашлате, ако ве болат коските, имате дијареа или повраќате, тогаш најдобро е да паузирате со тренинзите и неколку дена да поминете во кревет, за вашиот организам да закрепне и да се зачува.
Слушајте го вашето тело и тоа самото ќе ви каже што можете, а што не.