Трговија со деца: Северина го крена Балканот на нозе- Што се крие зад институциите?

Ова е написот на Северина кој осамна на Инстаграм:

ЖЕНИ ПОД БУРКИ И ПОЗАДИ ЗАВЕСИТЕ - ОД АВГАНИСТАН ВО ХРВАТИСТАН] 

Сестри и браќа,

Девојките и жените од Авганистан се напуштени од светот! Нивното право на слобода, образование и избор им беше одземено преку ноќ. Избркани се од куќите и облечени во бурки. Сите големи „светски фраери“ им го свртеа грбот, оставајќи ги на милост и немилост на машката маса. И? И никому ништо. Да не дозволиме да се заборави и прифати! Знам дека не можеме многу. Можеме да повториме, да напишеме, да се јавиме и да апелираме…

И ние можеме да и помогнеме на некоја жена во нашата средина. Како? Па, ајде да ја слушнеме. Внимателно, за да ја слушнеме. Ова го направи Јелена Јиндра, новинарка од редакцијата на ХРТ, вредна, искусна и образована жена, додека ја подготвуваше својата истражувачка серија за @portal_halter. Нејзината истражувачка приказна, и таа зборуваше со повеќе од 40 жени, не е помалку морничава од онаа од почетокот на приказната. Дали знаете колку жени се скриени зад завесите на хрватските „топли домови“? Лажно обвинети, извртени и подложени на разни теории, озборувања и потсмев. Во позадина на се‘ е една гранка на октоподот на Бандиќ, добро организирана и вмрежена организација преку која моќните мажи им одземаат деца на жените. Особено една поликлиника им помага во тоа.

Верувајте, тоа не е параноична намера, а уште помалку моја. Тоа е јавен разговор за кој јас лично зборував и предупредив. Затоа што го живеам скоро 8 години. Сега, наместо, како што се вели гордо, „институциите си ја вршат својата работа“, новинарката Јелена, беше нападната од сите страни: корекции, негирања, напади или игнорирање на приказната во други медиуми.

Ова е вистинска истражувачка приказна и ве молиме прочитајте како мрежата на институции кои треба да се грижат за децата - со децата “тргуваат“. Сите се таму: центри за социјална заштита, законски старатели, училишта, судови, експерти ... и, се разбира, моќни татковци кои се кријат зад многу специфични здруженија, како што пишува Јиндра.

Мојот апел до вас е: прочитајте ги написите на Јелена, свртете се, видете што се случува со вашите соседи, пријатели, познаници, членови на семејството. Не бегајте затоа што може да бидат заморни за вас, но помогнете ако можете! Барем слушајте ги…

Ова е и мој апел до институциите и медиумите ... Истражете ги овие приказни