Три корисни совети: Што да направите за вашите кожени чевли секогаш да изгледаат како нови
Три совети за нега на
кожени чевли
Ние сакаме нашите омилени чевли да траат што е можно подолго и да бидат во најдобра можна состојба, за да можеме да ги носиме уште многу пати. Споделуваме со вас три генијални трикови за да ги одржувате омилените чевли во совршена состојба што е можно подолго.
Водена пареа за освежување на чевли изработени од превртена кожа
Ако се навлажнат, превртените кожени чевли можат брзо да ја изгубат првичната убавина. За да им го продолжите животот, од време на време можете да го освежите материјалот користејќи водена пареа. Можете да го направите ова со користење на пегла за алишта на пареа, само проверете површината на пеглатада не ги допира чевлите.
Топла вода за ширење кожени чевли
Метод што можете да го користите и на чевли од вештачка кожа, но само доколку се квалитетни. Загрејте ја водата и кога ќе зоврие истурете ја во чевлите. Оставете водата да остане во чевлите неколку секунди, а потоа истурете ја водата и облечете ги чевлите. Носете ги додека не се исушат.
Детска пудра во прав за превртени кожени чевли
Ако забележите мрсна дамка на превртени кожени чевли, најлесен начин да ја отстранете да користите пудра за бебиња. Посипете малку на дамката, оставете ја да делува неколку часа, по што само отстранете го вишокот прав и ќе го решите проблемот.
Ако имате светло-кафеави чевли изработени од превртена кожа, можете да користите мелено кафе, за да ја задржите бојата.