Три куполи како една: Бајковитиот ресторан во Виетнам
Виетнамското студио Vo Trong Nghia Architects создаде бамбусова купола висока 16 метри за ресторанот Ведана, кој е изграден над вештачко езеро, свртен кон планините во провинцијата Нин Бин.
Ресторан Ведана е централен украс на истоименото одморалиште, сместен во Националниот парк Кук Фуонг, најголемиот природен резерват во Виетнам. Бамбусовата купола, широка 18 метри и висока 16 метри, е највисоката креирана од ова студио, додека самиот ресторан е посветен на гости во одморалиштата или организација на специјални настани.
Концентрични сламени прстени формираат скалест профил што нè поврзува со традиционалните покриви на овој регион. Иако се чини дека претставува три одделни структури, куполата е всушност едно парче, составено од 36 бамбус модули. Окулусот во својот заоблен дел создава светларник, кој ја истакнува цветната шема создадена од интересни делови од бамбус.
Во основата, која се карактеризира со колонади, ресторанот се отвора кон вештачко езеро, кое покрај својата естетска улога, доби и улога на ладење за време на топлите и влажни лета. Дождовната вода и водата што доаѓаат од планините се собираат во езерото, кое се користи и за наводнување на дрвја и растенија што растат околу одморалиштето.
Архитектонското студио направи и мастер план за остатокот од одморалиштето, кое содржи 135 вили, пет „кондотели“ и осум бунгалови кои се издигнуваат над езерото.
Фото: Хиројуки Оки.