Три мириси од Антонио Бандерас кои ќе го разбудат летото во вас: Мажествени, посебни, заведувачки
Еден од најпознатите парфеми на кои се наоѓа името на актерот Антонио Бандерас е Blue Seduction.
Не само што неговиот парфем Antonio Banderas Blue Seduction мириса со денови и е прилично евтин, туку блика од сесулани ноти кои ги привлекуваат и оние најтврдокорните жени.
Парфемот е пред сѐ модерен, стилски и машки мирис што носи дел од Бандерас и неговата шпанска култура. Не е скап како другите бренирани парфеми и често поради тоа е потценет, но оние кои го пробле знаат дека се работи за врвен парфем.
Друг исто така мирис кој не може да остане незабележан од женската популација и парфем кој потсетува на топлите летни вечер еThe Icon.Овој одличен парфем од Антонио Бандерас е со дрвени и цитрусни ноти, совршен за топлите летни денови. Овој мирис беше лансиран во 2020 година.
The Icon е парфем кој ја истакнува мажественоста и посебноста на секој успешен маж.
Трет на нашата лисат парфеми од Антонио Бандерас кои ќе го разбудат летото во вас е мирисот King of Seduction.
Парфемот King of Seduction од Антонио Бандерас е Вуди Ароматичен мирис за мажи, кој е лансиран пред скоро 10 години и сѐ уште е актуелен помеѓу мажите, а баран од жените.
Горните ноти на овој летен мирис кој освојува се ананас, бергамот, диња, грејпфрут и зелено јаболко; средните ноти се морски ноти, јасмин, кардамон и нероли; основните ноти се ветивер, бел мошус, кедар, велур и килибар.
Парфемите се достапни во скоро сите подобро снабдени парфимерии и маркети кај нас, и може да бидат ваши од 1600 денари, па нагоре.
Овие три мириси се совршени за топлите месеци, нежни но доволно силни за да остават трага каде и да одите, со кого и да сте...