Три плевели кои секој од нас треба да ги јаде: Неверојатно штитат од болести и го чистат организмот

Само ако живеете во хармонија со природата, можете да постигнете вистинско здравје. Дивите растенија во вашиот двор се вистинска ризница на витамини и минерали неопходни за човечкото тело.

Сметаме дека повеќето од овие растенија се „плевел“, но ако ги подготвите правилно, ќе добиете бесплатна и вкусна храна што е во состојба целосно да го опорави вашето тело.

Бршлен

Има повеќе имиња за бршленот а тој е вистинската sвезда меѓу дивите растенија. Бршленот е вистинска ризница на омега-3 масни киселини кои се толку неопходни за нашето здравје. Постои голема веројатност дека ова растение расте во вашиот двор токму сега, бидејќи според статистичките податоци, тоа е најраспространетиот „плевел“ во светот.

Тој е одличен извор на антиоксиданти, витамини Ц, А, Б и Е и омега-3 масни киселини.

Покрај изобилството на омега-3 масни киселини, бршленот содржи: шест пати повеќе витамин Е од спанаќот, седум пати повеќе бета-каротен од морковот, 25 мг витамин Ц на чаша (20% од препорачаната дневна доза) магнезиум , калциум, железо, витамин Б2, калиум, фосфор и манган.

Бршленот е многу корисен ако имате проблеми со уринарниот систем или дигестивниот систем. Има антифунгално и антимикробно дејство. Корисен е и за кожни болести - позитивно влијае на акните, псоријазата и изгорениците.

Неговите млади лисја и стебла се идеални во салати и сендвичи. Богат со пектин, така што може да се користи за згуснување на супи и чорби.

Глуварче

Веројатно веќе сте запознати со здравјето што го нуди глуварчето. Нема двор во кој нема глуварче или две, но ние обично го доживуваме само како цвеќе или плевел.

Можете да користите лисја од глуварче во салати, супи и сокови. Може да го подготвите на ист начин како и спанаќот. Можете да ги исушите лисјата и цвеќињата од глуварче и да направите чај од нив. Коренот може да го исушите и испечете и да го користите како замена за кафе, а од цвеќето да направите вино или мед.

Глуварчето има антиоксидантни својства и содржи соединенија тараксацин и тарацерин, заедно со инулин и левулин, благодарение на што има одлични лековити својства: делува како природен лаксатив и диуретик, помага при надуеност, го нормализира нивото на шеќер и холестерол во крвта, го подобрува апетитот и ја стимулира работата на стомакот, го чисти и регенерира црниот дроб, помага при изгореници и убоди.

Глуварчето има и антивирусни својства и може да биде корисно во борбата против херпесот и сидата.

Наша препорака е добро да ги измиете младите лисја од глуварче и да ги додадете во зелената салата. Во прилог на враќање на вашата сила за време на пролетниот замор, глуварчето е во состојба да го подобри вашиот имунитет толку многу што ниту една болест нема да може да ви направи ништо!

Коприви

Последна на нашата листа, но не помалку важна е и копривата - уртика диоика. Под нејзините лисја има убоди - влакна што содржат мешавина од соединенија, вклучувајќи хистамин, серотонин и ацетилхолин. Ако ги допрете, влакната го истураат овој сок на кожата што предизвикуваат печење. Затоа повеќето од нас ги готват копривите пред да конзумираат.

Сепак, копривата може да се користи и сурова - можете да ги отстраните хемикалиите кои предизвикуваат печење потопувајќи ја во ладна вода.

Копривата има висока содржина на железо, калиум, манган, калциум и витамини А, Ц, Д и К. Една чаша коприва ви обезбедува неверојатни 1.790 IU витамин А, што е дури 300% од препорачаната дневна доза .

Нашата препорака за вкусно јадење е супа од коприва. Издинстајте го кромидот и неколку чешниња лук, а потоа додадете ја копривата и еден морков. Гответе кратко и непосредно пред крајот додадете малку ориз и зачини.

Оваа срдечна супа ќе направи вистинско чудо за вашето тело.

Деловите од коприва кои најчесто се консумираат се лисјата и коренот.

Споменавме само три диви растенија, кои можете да ги користите како храна и лекови. Всушност, има многу повеќе. Неколку илјади диви растенија се опишани во литературата. Препорачуваме постепено да внесувате нова храна во менито. Научете да препознавате диви растенија добро пред да започнете да ги користите.

И кога добро ќе ги запознаете - нема да има крај на имагинативните и здрави јадења на вашата трпеза.