Три серии кои мора да ги гледате оваа празнична сезона

Стриминг платформите се подготвени да ја дочекаат новата празнична сезона, во која ќе имаме повеќе време да уживаме во сериите со нашите најблиски. Ладното време и се надеваме снегот ќе придонесат да се создаде вистинска атмосфера за уживање пред телевизор со серии како што се Круна (The Crown)Младиот Шелдон (Young Sheldon) и Сета светлина што не можеме да ја видиме (All the Light We Cannot See: Limited Series).

Сериите што ги споменавме со недели се во ТОП 10 најгледани, а Netflix ви е лесно достапен како на мобилен уред и компјутер, така и на телевизор преку апликацијата Netflix.

На новите Hisense телевизори кои ја поддржуваат платформата VIDAA, Netflix е веќе инсталиран. Дури и ако не е, лесно и брзо можете да го инсталирате преку продавницата за апликации, која преку Wi-Fi мрежа на интернет може да поврзе со телевизорот во само неколку чекори. Управувањето со апликацијата е лесно и интуитивно, а можете дури и да користите гласовни команди преку далечинскиот управувач на одредени Hisense телевизори.

Круна (The Crown)

Врската помеѓу принцезата Дијана и Доди Ал Фаед е една од темите на шестата сезона на серијата Круна (The Crown), која почна да се емитува на Netflix на 16. ноември. Уште пред прикажувањето на новото продолжение беа објавени промотивни фотографии на кои се гледаат Елизабет Дебицки како принцезата Дијана и Калид Абдала како Доди Ал Фаед во автомобил, што ги заинтригира гледачите и откри дел од содржината. Шестата сезона, која ќе има два дела (вториот ќе пристигне во средината на декември), ќе ги прикаже настаните од крајот на 1990-тите, како и последните денови од животот на принцезата Дијана.

Австралиската актерка Елизабет Дебики рече дека ова е „актерски предизвик“ за неа да ги одигра нејзините последни недели. Питер Морган повторно е креатор на популарната серија која почна да се емитува во 2016 година. Оваа серија на Netflix се базира на вистински настани, но содржи измислени разговори и други детали. Шестата сезона ќе се занимава и со прославите на Златниот јубилеј на кралицата и додворувањето на Вилијам и Кејт на Универзитетот Сент Ендрус, сега принцот и принцезата од Велс.

Оваа драмска серија е вистинско уживање во супериорната слика и звук, кои, благодарение на Dolby технологиите поддржани од Hisense телевизорите, совршено ќе го нагласат секој детаљ од дејството.

Младиот Шелдон (Young Sheldon)

Ако сакате комедија која можете да ја гледате како семејство, заедно со деца, ова е една таква серија. Младиот Шелдон (Young Sheldon) го следи деветгодишниот Шелдон кој расте во десничарско, религиозно семејство во Тексас. Продуцент и наратор на новата продукција е актерот Џим Парсонс, кој глуми возрасен Шелдон во „Big Bang Theory“, чиј спиноф е оваа серија.

Младиот Шелдон (Young Sheldon) според официјалната статистика имаше над 2,1 милиони гледачи ширум светот за само седум дена (во третата недела од ноември), кои гледале над 15 милиони часа од серијата и ја направиле шестата најпопуларна во текот на таа недела. Ова е вистински семеен скапоцен камен на специфичен хумор во кој многумина од нас ќе се најдат.

Сета светлина што не можеме да ја видиме (All the Light We Cannot See: Limited Series)

Долгоочекуваната адаптација на бестселерот и добитник на Пулицерова награда, „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, пристигна претходниот месец, а публиката збесна. Netflix ја опиша серијата како „емотивна“ и „интензивна“, со заплет што ги носи гледачите во Втората светска војна среде нацистичката окупација на Франција. Актерската екипа е предводена од Хју Лори, Марк Руфало и младите актери Арија Миа Лорбети и Луси Хофман.

Ова е една од оние содржини каде технологиите на Hisense телевизорот можат да блеснат во својот полн сјај - локално затемнување и ненадмината палета со повеќе од милијарда јасни и прецизни бои што ја поттикнуваат секоја слика од оваа фантастично снимена серија.

Некои од коментарите на гледачите се: Едноставно брилијантно, Серијата е вистинско ремек дело, Визуелно фантастична, а музиката и звукот ве тераат да продолжите да гледате, Одлична актерска екипа и јасно е дека мора да ја гледате оваа продукција, која на Hisense телевизорите ќе изгледа и визуелно и тонски совршено!

ПР објава