ТРИ УСПЕШНИ ГОДИНИ ЗА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР „ПРЕМИУМ“

Premium Physical Therapy & Sport Center е најсовремениот центар од ваков тип во земјата и регионот, кој нуди уникатен модел на интегрирана грижа за здрав живот. На вкупен простор од над 1000 квадратни метри во рамки на центарот функционираат современи ординации и апарати за физикална терапија, ординација за спортска медицина, сала за групни тренинзи, фитнес-сала за спортска рехабилитација и корективни вежби со најмодерни справи, нутриционистичко советувалиште, парна бања, финска сауна и две ВИП соби за масажа. Во изминативе 3 години, „Премиум-центарот“ успеа да остане препознатлив по својот уникатен концепт на работа. Повеќе од 400 активни членови од самиот почеток до денес се доказ за довербата во спортскиот центар „Премиум“, а нивното задоволство е потврда дека ваквиот пристап на работа дава одлични резултати.

ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА И МЕДИЦИНСКА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Главна предност е спојувањето на третманот на пациенти кои по спроведување на физикален третман имаат можност да продолжат со медицинска рехабилитација во фитнес-центарот со стручни фитнес-тренери, а воедно да бидат под мониторинг на физиотерапевт и физијатар. „Кoмплетната грижа за физичкото здравје и индивидуалниот пристап кон секој клиент го издвојуваат ’Премиум’ центарот како единствен. Современиот динамичен начин на живот ја наметнува потребата од сериозен и професионален медицински пристап кој го опфаќа здравјето преку физикални прегледи на мускулоскелтниот систем и соодветни анализи, од почетната точка и следење се до постигнување на посакуваната цел. Создадовме тим од врвни професионалци кои систематично го следат и водат развојот на секој пациент и клиент, подобрувајќи го нивното физичко здравје и квалитетот на живот. Ја добивме довербата за грижа на повеќе професионални спортски репрезентации, што говори за нашиот успех“, вели д-р Аница Хаџи-Петрушева Јанкијевиќ, физијатар.

ЈОГА ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ

Во рамки на спортскиот центар „Премиум“ се изведуваат и часови по јога за бремени жени. Часовите се достапни за сите заинтересирани идни мајки, а пациентките што имаат авансна уплата за пакетот за породување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ имаат можност бесплатно да учествуваат на јога-часовите.

ГРУПНИ ТРЕНИНЗИ И НАЈСОВРЕМЕН РЕФОРМЕР И КАДИЛАК ПИЛАТЕС

 Во центарот се применуваат и групни активности – јога, кик фит аеробик, функционален фитнес, пилатес. Кадилак-пилатесот и реформер-пилатесот се изведуваат на најсовремени реформер-машини под надзор на сертифициран тренер. „Навистина сум среќна што за три години успеавме да се претставиме како единствен центар кој применува кадилак и реформер пилатес. Досега имаме постигнато извонредни резултати кај голем број наши клиенти, но најважно од сѐ е што успеавме да им ја пренесеме љубовта кон здравиот начин на живот, редовно вежбање и балансирана исхрана“, објаснува Рената Младеновска, инструктор по реформер и кадилак пилатес.

РОДЕНДЕНСКИ ПРОМОЦИИ, НАГРАДИ И ПОПУСТИ

По повод третиот роденден, спортскиот центар „Премиум“ на социјалните мрежи додели бесплатни полугодишни членарини и промотивни услуги.

Д-р Владимир Аврамовски, специјалист по општа хирургија, супспецијалист по дигестивна хирургија, е уште еден од најредовните членови во спортскиот центар "Премиум" и во изминатите три години вели дека нема пропуштено ниту еден тренинг.

„Тоа што им го препорачувам на моите пациенти, редовната физичка активност, го применувам и самиот повеќе од 10 години. Професијата доктор, со 30- годишно искуство зад себе, значи ден исполнет со многу обврски и активности. Единственото време што можев да си го посветам за себе беше утрото, па затоа со тренинг почнувам во 6 часот наутро, а по тренингот целосно се посветувам на моите пациенти во амбуланта или интервенциите во операциона сала, зависно што ни е на распоредот тој ден. Би сакал да ги мотивирам и повозрасните, бидејќи спаѓам во групата на 50+, дека никогаш не е доцна да се почне со вежбање. Доколку сакаме квалитетен живот, телото мора да се раздвижува секојдневно со физичка активност. Придобивки има многу, позитивно влијае врз општото здравје, врз расположението, енергијата и психичкото здравје"– споделува д-р Аврамовски, еден од најредовните членови во "Премиум".

ПОДДРШКА НА БРОЈНИ СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ИНДИВИДУАЛЦИ

Спортскиот центар „Премиум“ нуди максимална поддршка на голем број спортски клубови, репрезентации и индивидуални спортисти. Во рамки на одбележувањето на тригодишнината, капацитетите на спортскиот центар се ставаат на располагање и на двата одбојкарски клубови „Газели волеј“ и „Форца волеј“, а болницата ја официјализираше и соработката со фудбалерите на ФК „Вардар“. Благодарение на успешната соработка со Кошаркарската федерација, трета година по ред продолжува и поддршката на македонските кошаркари и кошаркарки. Превенција на спортски повреди и нивна рехабилитација „Премиум“ овозможува и за кошаркарите на МЗТ Скопје, како и на бројни индивидуални спортисти.

ПР објава