Trivago и Huawei го објавија стратешкото партнерство за развој на нови решенија за патување
Тrivago, водечка глобална платформа за пребарување понуди за сместување и Huawei, еден од најголемите светски провајдери на инфраструктурни решенија за информатичка и комуникациска технологија и паметни уреди, го објавија своето партнерство во развојот на туристички можности во рамките на платформата HUAWEI Mobile Services, на која е базиран и неодамна објавениот смартфон - HUAWEI nova 9.
Апликацијата trivago ја одбележува и својата премиера во AppGallery, овозможувајќи им на корисниците да споредат милиони понуди за сместување, од стотици платформи за резервации, за да го направат најдобриот избор за нив, по одлична цена. До денес, trivago нуди повеќе од 5 милиони хотели и алтернативни опции за сместување во 190 земји. Според податоците од септември 2021 година, AppGallery има разновидна глобална публика од 580 милиони активни корисници месечно, во над 170 земји. Во 2020 година, AppGallery бележи 384,4 милијарди дистрибуции на апликации, што е зголемување од 120% во однос на 2019 година.
Покрај тоа, trivago и Huawei заеднички ќе развијат решенија за прикажување спонзорирани резултати при пребарување на хотели во Huawei Petal Search и Petal Maps. Ова ќе им овозможи на корисниците на Huawei ширум светот директен пристап до нивните избрани даватели на решенија за патување, во рамките на непреченото корисничко искуство. Премиерата на trivago во Petal Search е на 29 октомври.
„Huawei е еден од светските лидери за мобилни уреди и технологии и ние сме исклучително возбудени што ќе соработуваме за да развиеме решенија за сместување како дел од Petal екосистемот“, вели Аксел Хефер, извршен директор на trivago. „Со заедничко развивање на функционалноста на Petal Search, Petal Maps и AppGallery, придонесуваме за севкупниот развој на решенија за патувања низ целиот свет.”
„Среќни сме што имаме можност да работиме со trivago, водечка глобална платформа за сместување и споредби на цени. Веруваме дека ова партнерство ќе овозможи заедно да понудиме првокласни решенија на пазарот”, додава Вилијам Тијан, претседател на Huawei Consumer Business Group за Западна Европа.
За Huawei Consumer Business Group
Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји и се користат од една третина од светската популација. Четиринаесет развојни центри работат во Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. HUAWEI Consumer BG е еден од трите деловни оддели на Huawei и опфаќа паметни телефони, компјутери и таблети, уреди за носење, Cloud услуги и многу повеќе. Глобалната мрежа на Huawei се заснова на повеќе од 30 години искуство во телекомуникациската индустрија и е посветена да ги направи најновите технолошки достигнувања достапни за потрошувачите ширум светот.
За најновите информации од Huawei Consumer Business Group Македонија, посетете ги следните линкоив:
Facebook:https://www.facebook.com/HuaweimobileMK/
YouTube:Huawei Mobile MK
Instagram:https://www.instagram.com/huaweimobilemk/
За повеќе информации:https://consumer.huawei.com/mk
За trivago
Тrivago е една од водечките платформи за пребарување хотели, фокусирана на ажурирање на начинот на кој патниците пребаруваат и споредуваат хотелски понуди и алтернативни форми на сместување. Лансирана во 2005 година во Дизелдорф, Германија, платформата им овозможува на корисниците да донесуваат информирани одлуки преку персонализирање на побарувачката и овозможување пристап до голем број информации за хотели и цени.trivago им помага на своите огласувачи да го развијат својот бизнис давајќи им пристап до огромна публика преку својата веб-страница и апликација. Од 31 март 2021 година, trivago има 54 локализирани платформи поврзани со над 5 милиони хотели и алтернативни решенија за сместување во над 190 земји.
За Huawei Petal Search
Petal Search е HMS пребарувач кој им овозможува на сопствениците на HUAWEI паметни телефони лесно да го најдат она што им треба - вклучувајќи вести, видеа, слики, шопинг понуди, летови, локални бизниси и повеќе, директно од почетниот екран на уредот. Со Petal Search, HUAWEI одржува отворен екосистем за пребарување и работи на создавање унифицирано и целосно корисничко искуство. Компанијата се стреми да обезбеди богати можности за сите корисници на мобилни телефони базирани на HMS со платформа која обезбедува оперативна ефикасност за програмерите и партнерите.
За AppGallery
AppGallery е интелигентен и иновативен екосистем кој им овозможува на програмерите да создадат единствено корисничко искуство. Уникатната средина HMS Core овозможува интегрирање на апликациите на различни уреди, обезбедувајќи поголема удобност и непречено искуство - дел од глобалната стратегија 1+8+N на Huawei. Со AppGallery, нашата визија е да направиме отворена, иновативна платформа за дистрибуција на апликации достапна за корисниците, притоа строго да ја заштитуваме приватноста и безбедноста на нивните податоци додека им обезбедуваме уникатно и интелигентно искуство. AppGallery е една од трите најголеми продавници за апликации во светот, која нуди широк спектар на глобални и локални апликации во 18 категории, вклучувајќи навигација и транспорт, вести, социјални медиуми и многу повеќе. AppGallery е достапна во повеќе од 170 земји и региони, со 560 милиони активни корисници месечно ширум светот. Од јануари до септември 2020 година, бројот на преземања од AppGallery достигна 384,4 милијарди, а компанијата соработуваше со 2,3 милиони програмери ширум светот.
ПР објава