Тројца научници кои цел живот го истражуваат страеењето тврдат дека овие 2 суплементи и овие навики го продолжуваат животот: Прават побавно да старееме
Д-р Дејвид Кленси од Универзитетот Ланкастер поминал децении истражувајќи го правилниот начин да се одложи почетокот на процесот на стареење и тврди дека вежбањето е патот до долговечноста. Голем број истражувања ја потврдија таа теза; вежбањето е поврзано со помал ризик од умирање млад, а научниците исто така истакнуваат дека е одговорно за зајакнување на здравјето на срцето, како и за намалување на холестеролот и крвниот притисок. Сепак, една неодамнешна студија на истражувачи во Финска ја доведе во прашање ефикасноста на самото вежбање кога станува збор за продолжување на животниот век.
По испитувањето на навиките за вежбање и биолошката возраст на илјадници учесници, тие заклучија дека луѓето кои вежбаат повеќе можат да живеат подолго само затоа што следат здрава исхрана и доволно спијат, а не поради времето што го поминуваат во теретана, пишува „Дејли мејл“.
Д-р Кленси, исто така, објасни дека одржувањето на кондиција помага и во ослободувањето на телото од старите клетки, наречени „зомби“ клетки. Тоа се клетки кои се живи, отпорни на смрт, но не функционираат - процес кој предизвикува стареење и стрес. Наместо тоа, тие се акумулираат во телото и го забрзуваат стареењето и ослободуваат токсини кои промовираат воспаление и раст на потенцијалните тумори.
Овој научник признава дека би сакал да биде фанатик во теретана за да се ослободи од овие клетки, но не вежба онолку колку што би сакал, па се свртел кон други методи, меѓу кои и земање на специфичен додаток.
Гинко билоба капсули и додатоци на таурин
Тој истакна дека земал капсули од гинко билоба, кои се направени од суви лисја од гинко, најстариот вид на дрво во светот. Пронајдени се дрвени фосили кои датираат од пред повеќе од 200 милиони години! Екстрактот од ова растение е исклучително богат со антиоксиданси, а корисен е и за здравјето на срцето и очите, како и за функцијата на мозокот. Д-р Кленси, исто така, тврди дека овој додаток може да ги стимулира митохондриите, клеточните органели кои се клучни за производство на енергија и различни телесни процеси и „не функционираат толку добро кај постарите луѓе“.
Дејвид Мекарти, вонреден професор на Универзитетот во Џорџија, кој го проучувал човечкиот животен век и бил истражувач во Институтот за стареење во Оксфорд, од друга страна, зема додатоци на таурин.
Тауринот природно се наоѓа во човечкото тело, но и во месото и рибата и се додава во енергетските пијалоци, а е ценет поради неговиот потенцијал против стареење. Од витално значење е за одржување на нивото на калциум и електролити, како и за поддршка на централниот нервен систем и имунитетот. Се смета дека позитивно влијае на работата на срцето, метаболизмот и мозокот.
Американска студија објавена во јуни минатата година покажа дека стаорците кои имаат таурин во исхраната живеат 10 отсто подолго во лабораториски услови од оние на кои не им била дадена оваа состојка.
Мекарти зема дневен додаток на таурин токму како резултат на споменатата студија. Инаку, истражувањето спроведено од овој научник, кое е објавено во март 2023 година, покажало дека луѓето родени во 1940 година би можеле да живеат до 125 години, додека оние родени во 1970 година до 141 година.
Посочува дека и редовно вежба, не пуши, спие многу и консумира алкохол во умерени количини.
Здрава храна, вежбање, без алкохол или цигари
Професорот од Универзитетот во Бирмингем, Јоа Педро де Магалеас, поминал децении проучувајќи ги генетските, клеточните и молекуларните механизми на стареење. Тој е автор на повеќе од 100 публикации на оваа тема и има одржано повеќе од 100 предавања. Тој истакна дека не верува во суплементи и „магични апчиња“ кои го враќаат времето. Наместо тоа, тој усвоил навики за кои верува дека ќе му помогнат да живее подолго и подобро.
Тоа значи исфрлање на месото и алкохолот од исхраната, а ги следи советите кои ги добивал од мајка си. „Не пијте премногу, не пушете, јадете здрава храна како овошје, избегнувајте масти и шеќери, вежбајте, избегнувајте високоризични однесувања како дрога и скокање од авион“, заклучил тој.