Тројцата скопски кул фраери: „Кафана је моја судбина“

Главниот град едноставно не може без нив. Да не беа тие, Скопје би било поинакво. Но, не се само тие, има и други, ама овие тројца се издвојуваат по многу нешта и многу нешта им се заеднички. На пример, многу жени паѓаа на нивниот шарм (и се‘ уште паѓаат). Сепак, ги поврзува бизнисот со ресторани и кафулиња.

Предраг Пеѓа Васиљевиќ е еден од сопствениците на ланецот „Trend“, Никола Талев на “Dion“ а Зоки Свила на „Tribeca“. Локалите им работат одлично, таму луѓето сакаат да се забавуваат и да поминат пријатни мигови, а тие им ги овозможуват едни од најдобите журки во градот. 

Секој поединечно, има свој сопствен стил и на живот и на облекување. Тука се различни, но истовремено стилски интересни, па се забележани каде и да се појават.

Предраг Пеѓа Васиљевиќ- „Trend

Голем авантурист. Вози мотоцикли, борда на снег, скија на вода и снег, вози велосипед, се искачува по планини. Сака убави и брзи автомобили... Во тренд е со се’ што значи адреналин. Градска фаца. Сите го поздравуваат. Има дефиниран стил на облекување што значи дека спортската елеганција му е блиска. Најчесто носи кожена јакна во духот на моторџискиот стил. Секако, надополнува со добри очила за сонце и добар часовник.

Никола Талев- „Dion

Галантен, црната боја му е омилена и најдобро му стои. Има дефинирани мускули. Многу сака да шета, да плови со јахти, да вози мотоцикл, секако и добар автомобил. Како лик е веднаш препознатлив поради изразениот физикус, но препознатлив е и по одличниот стил на облекување. Игра со елегантно- спортскиот изглед, често носи сакоа и кожени јакни, добри чевли, соодветни очила за сонце и воочливи часовници. Наместо панталони, фармерките му се најпријатни за носење.

Зоки Свила- „Tribeca

Сите едноставно го знаат како Свила. Тоа е човекот кој држеше многу култни локали низ Скопје. Секогаш е насмеан и насмевката му е заштитен знак. Сосема е релаксиран во облекувањето, а предност му дава на спортскиот стил. Сака убави автомобили и многу е друштвен. Некогаш можеме да го видиме и во костум кој добро му стои, надополнет со пеперутка вратоврска. Секако, добри очила за сонце и добар часовник го заокружуваат неговиот стил. Зоки се појави и во спотот за “Како да се радувам“, заедничката песна на Елена Ристеска и Панчо од дуото ДНК.

Н.Т.