Трпеза на боговите на островот што се капе во сонцето - совршено засолниште за љубителите на добра храна
Кога ќе слезете од траектот и ќе излезете од метежот, ќе стапнете на тротоарот каде октоподите, префрлени преку стапови, се лулаат на ветрот. Неколку чекори подалеку влегувате во лавиринтот на улиците со калдрма. Пристигнавте во Наксос, главниот град на грчкиот остров со исто име.
Четири часовно патување со траект од Атина, островот Накос, е вистинското место за одмор во споредба со неговите раздвижени соседи Миконос и Санторини.
Наксос е најголемиот остров на Кикладите. Исто така, со сите извори на храна на островот, доволен е самиот на себе. Жителите на Наксос веќе илјадници години обработуваат 165 квадратни километри од разновидниот терен на островот. Стотици илјади туристи годишно, заедно со жителите, уживаат во плодовите на тој труд - преку гастрономско богатство. За оваа година се уште не се знае какви ќе бидат мерките на овој остров поради пандемијата со коронавирус.
Според митологијата, островот го благословува Дионис, богот на виното, затоа е толку богат.
Поради недостаток на природни пристаништа, риболовот не е примарен извор на храна, наместо тоа, кравите пасат на полиња што се натопени со морска магла, кози одат слободно на овие полиња, а овците на камените ридови слободно пасат диво оригано и мајчина душица. Во разновидни билки уживаат и петлите и зајаците.
Единствен меѓу Кикладите, Наксос произведува широк спектар на сирење, како и путер, компири, масло, мед, зачини и хитрон, локален ликер од цитрус.
Жителите на Наксос не ја штедат храната на својот остров кога подготвуваат храна, а тоа се јадења што не треба да ги пропуштите ако се најдете на ова неверојатно место.
Петел во црвен сос
За да се ублажи месото со мускулите на петелотодНаксос, потребни се часови на пареа во црвено вино и домати. Овој луксузен сос се истура преку шпагети, а најдобро е да се сервира ова јадење во едно од локалните села.
Див зајак
Откако поминува неколку часа во маринадата од лимон, кромид и оригано, зајакот полека се вари во црвено вино, домати и ароматични зачини, за да се произведе еден вид чорба.
Козјо месо
Изберете kaleftiko - козјо месо едноставно печено со кромид, или козја чорба, и нема да погрешите.
И, конечно, се разбира, десерт ...
Колачи од ореви
Оревите растат низ целиот остров, така што не е изненадувачки што тие се важен дел од исхраната. Покрај традиционалната баклава, жителите на Наксос прават и торта натопена во хитрон - мелакрин.