Спорт // Спорт
Турнир во Струга: Еурофарм Пелистер се намачи, но го победи домаќинот Струга
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа го отворија јубилејниот педесетти турнир во Струга против домаќинот со 27-23.
Заради временските услови натпреварот против домаќинот, во рамките на првото коло во групата А, се одигра во салата „Нико Нестор“.
За екипата на Ларс Валтер дебитираа сите новајлии. Пелистерци почесто имаа предност, на моменти со +5 и без драма го приведоа натпреварот кон крај.
Струга демонстрираше силен отпор. Во вториот натпревар од првото коло во оваа група играат АЕК Атина и Татран Прешов.
ФОТО: РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР/ФЕЈСБУК