„Твоите очи, мој сине“: „Се сѐ сруши в миг“- Тања Кочовска

Врв, царица, во секоја свера на уметноста, Песна, текст, музика, вокал, интерпретација, театралност, емоција, неповторлива, со еден збор Тања Кочовска.

Публиката ја сака поради нејзината природност, искреност и смислата за хумор и умешноста да се шегува на своја сметка. Најмногу ја обожаваат децата, особено кога во Театарот за деца и младинци глуми глушец, принцеза, каубој… Покрај сево ова, Тања Кочовска-Павловска е единствена појава поради својот голем двоен талент, пеење и глума. Иако со фестивалите раскрсти пред повеќе од 20 години, нејзината макфестовска „Твојте очи мој сине“, остана како евергрин.

Тоа е една од најдобрите песни во македонската музичка историја. Маестрално дело на Кире Костов. Тања ја испеа на Макфест во 1993 година и триумфираше. Песната има тажен призвук, тажни се и стиховите, но надежта последна умира... Во соодејство со песната, Кочовска беше облечена целосно со црно, со црно превез од тантела на главата

Погледнете го ремек- делото. На некој начин, некои велат дека ги потсетува на сето она што се случи во Кочани, за оние кои ги изгубија најмилите...