ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ - Животното осигурување како извор на инвестиции

Современиот начин на живот секојдневно носи нови предизвици и неизвесности. Решение за овие предизвици е животното осигурување, кое денес нѝ треба повеќе од кога било. Овој вид осигурување е еден од најдобрите финансиски производи и секако е единствениот што овозможува комбинација на штедење и осигурување.

Животното осигурување е се почеста опција на граѓаните за дополнителна заштеда и заштита на своето семејство. Штедењето и финансиската безбедност во случај на осигурен случај не се единствени бенефити од животното осигурување. Во последно време на осигурителниот пазар е се почеста опцијата преку полисата за осигурување на живот во исто време да се вложува во инвестициски фондови. На овој начин, корисникот добива осигурување на живот, а истовремено дел од паричните средства според меѓусебен договор се инвестира во инвестициски фондови кои имаат одлична историја на приноси со вложените средства. Покрај заштедата што се добива по истекот на полисата во износ кој е договорен и загарантиран, корисникот преку инвестираните средства во инвестициски фонд може да добие и дополнителна сума.

Осигурувањето на живот поврзано со инвестициски фондови ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ на Кроациа осигурување нуди можност за принос со умерен ризик. Притоа, сами може да изберете колкав дел од премијата ќе го насочите на осигурување живот,  а колкав во инвестицискиот дел од премијата кој е директно врзан за цената на уделите на избраниот инвестициски фонд. Станува збор за временски и просторно неограничено осигурување. По истекот на рокот на осигурувањето ви се исплаќа делот кој бил вложен во избраниот инвестициски фонд по цена на уделите на фондот во тој момент како и осигурената сума од договорената полиса.

Предностите на инвестирање во инвестициски фондови се професионалното управување со средства, можноста за постигнување повисоки приноси во споредба со традиционалните форми на заштеди, диверзификација, транспарентно претставување на трошоците и структурата и голема можност за избор на инвестициски фондови кои задоволуваат различни потреби и инвестициски цели.

Траењето на ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ може да биде од 10 до 25 години, а се опфаќаат лица на возраст од 14 до 65 години. Плаќањето може да биде месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно, минималната премија при еднократка уплата е 2500 евра, додека минималната премија при повеќекратна уплата изнесува 300 евра. Наменето е за вложувачи кои се подготвени да прифатат распределба на ризикот преку комбинирано/балансирано вложување во инвестициски фондови со цел остварување повисок очекуван принос на вложените средства  и вложување во осигурување на живот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување на гарантирана осигурена сума. 

ПР-објава