У14: Македонија ќе одигра две средби со Словенија во Умаг, Хрватска
Младата репрезентација на Македонија до 14 години на 10 и 12 мај ќе одигра два контролни меча против соодветната селекција на Словенија.
Kонтролните дуели ќе бидат одиграни на стадионот во Умаг, Хрватска. Првиот натпревар на програмата е закажан на 10. мај со почеток од 17. часот, два дена подоцна против истиот противник играме од 11. часот.
Новиот селектор на репрезентацијата на Македонија до 14 години, Раде Каранфиловски, за двата претстојни контролни средби се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Антониј Трајковски (ССК - Скопје), Павел Грбевски (Вардар), Александар Трајков (Академија Пандев), Александар Трајков (Академија Пандев);
ОДБРАНА: Ристе Стоилов (Академија Пандев), Матео Кесиќ (Вардар), Благојче Аговски (Работнички), Христијан Јефтовски (Вардар), Албан Рочи (Јанг Тим), Данило Делев (Форца);
СРЕДЕН РЕД: Давид Ангелевски (Талент), Габриел Талески (Тони), Лорент Жаку (Јанг Тим), Ненад Дамјаноски (Македонија Ѓ.П.), Беким Дархишта (Албарса), Матеј Сејменов (Академија Пандев), Стефан Секирски (Талент), Гоце Петрески (Тони), Беркан Зумбери (Фортуна - Скопје), Стефан Бујароски (Еурофудбал), Душан Бојовиќ Заев (Вардар), Алек Сиваков (Талент);
НАПАД: Влатко Кркачоски (Еурофудбал), Флори Идризи (Шкендија), Дамјан Талаков (Борец);