У18: Одличен настап, надежите на Македонија одиграа нерешено со Романија
Младата репрезентација на Македонија до 18 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Романија.
На тренинг центарот Буфтеа, избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа нерешено. Двете репрезентации постигнаа по еден погодок.
По првите 45. минути, мрежите мируваа. Македонија се закани неколку пати посериозно по голот на домаќинот. Во 37. минута Митров има добра позиција, биеше покрај голот на противничкиот голман. Во последната минута од првото полувреме, Саити пропушти добра прилика за постигнување погодок.
Во продолжението Ливорека имаше одлична можност, но биеше покрај голот. Две минути подоцна, нова добра шанса за Македонија. Одличниот продор и додавање на Аризанковски не успеаа да го искористи Митров. Ударот на нашиот фудбалер беше одбранет од домашниот голман.
Македонија сосема заслужено поведе во 65. минути. Никола Величковски беше стрелец на погодокот.
Романија во 73. минута успеа да го изедначи резултатот и да ги постави конечните 1:1.
МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Фиктрет Ливорека;
Селектор: Тони Јакимовски;