У19: Македонија домаќин на елитен квалификациски фудбалски турнир на УЕФА
Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 16 до 24 ноември, во Скопје ќе биде домаќин на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година.
Македонија е во групата 10 заедно со селекциите на Србија, Норвешка и Сан Марино.
Квалификациските мечеви во рамките на групата 10 ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски" и на стадионот на Македонија Ѓ.П.
Младата македонска селекција турнирот го отвора против нашиот северен сосед, репрезентацијата на Србија. Дуелот е на програмата на 17 ноември, на тренинг центарот „Петар Милошевски", со почеток од 13. часот. Истиот ден, на стадионот на Македонија Ѓ.П., силите ќе ги одмерат Норвешка и Сан Марино. Мечот ќе започне во 13. часот.
Во рамките на второто коло од мини квалификациите, на 20 ноември, избраниците на селекторот Неџат Шабани ќе играат против Норвешка (тренинг центар „Петар Милошевски"). Во вториот меч, Србија за противник ја има селекцијата на Сан Марино (стадион на Македонија Ѓ.П.). Двата натпревари ќе почнат во 13. часот.
Во последното трето коло, кое е на програмата на 23. ноември, Македонија ќе игра против Сан Марино (тренинг центар „Петар Милошевски"). Во вториот меч ќе играат Србија и Норвешка (стадион на Македонија Ѓ.П.). Натпреварите ќе почнат во 13. часот.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години, Неџат Шабани, за претстојниот квалификациски турнир, ги повика следните фудбалери:
Голмани: Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.), Наум Ангелов (Слога Виница), Петар Јакимов (Работнички);
Одбрана: Енис Буќи (Кожуф Гевгелија), Никола Павлески (Слога Виница), Стефан Младеновски (Бабелсбергер, Германија), Ардијан Османи (Грасхопер, Швајцарија), Давор Серафимов (Вардар), Суфијан Чајани (Шкупи);
Среден ред: Мартин Ѓоргиевски (Академија Пандев), Матеј Ангелов (Работнички), Игор Јаневски (Силекс), Матео Софијаноски (Воска), Ардијан Чилафи (Сампдорија, Италија), Арбнор Мурати (Дуизбург, Германија), Шабан Зенку (Борусија Минхенгладбах, Германија), Леон Ташов (Бохум, Германија);
Напад: Михаил Талевски (Осијек, Хрватска), Димитар Трајков (Академија Пандев), Дашмир Елези (Шкендија), Зани Назифи (Шкендија);
Неџат Шабани, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 19 години ги сподели своите очекувања за квалификацискиот турнир во Скопје.
- Во подготвителниот период се соочивме со големи потешкотии околу играчкиот кадар. Во поголемиот дел од подготвителните натпревари бевме ослабени со неиграњето на нашите најдобри фудбалери.
- Квалификацискиот турнир на кој сме домаќини е одлична можност за фудбалерите да го покажат целиот свој потенцијал и квалитет.
- Групата е тешка, противниците се доста силни, но доколку сакаме да играме фудбал на едно високо ниво и да оствариме позитивен резултат, ќе мора фудбалерите да го дада целиот свој максимум.
- Голем недостаток претставува тоа што за овој квалификациски турнир нема да го имаме на располаѓање Гуџуфи поради повреда. Од повиканите фудбалери, сите се на располаѓање, освен голманот Василев.
- Се надевам дека моите фудбалери ќе одговорат одлично на овој предзвик. Очекувам да одиграме добар фудбал, со голема желба и пожртвуваност. Фудбалот е колективен спорт, во денешно време нема лесни противници, нека победи најдобриот.
Собирот на репрезентацијата на Македонија до 19 години е закажан на 13 ноември (недела), во 12. часот.