У21: ЛИНК за следење на натпреварот Македонија -Летонија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година денескља игра контролен дуел против селекцијата на Летонија.

Контролната пресметка протов незгодната селекција на Летонија ќе биде прва од трите предвидени средби во Анталија, Турција во склоп на подготовките за претстојните квалификации што за нас почнуваат во септември.

Линк за следење на  натпреварот денеска од 15 часот:

https://images.app.goo.gl/bckvj4FNYvZPLFgF6

Одличниот фудбалер од одбраната на нашиот млад национален состав, Виктор Крстевски за денешниот  натпревар очекува офанзивна Македонија која ќе атакува на победа.

" Се наоѓаме во одлична физичка подготвеност. Речиси сите фудбалери се на располаѓање на тренерот. Имавме одлични подготовки во претходните денови, со нетрпение го очекуваме утрешниот дуел против Летонија.

" Тренинзите и контролните мечеви во Анталија ќе ги искоростиме на најдобар можен начин за да се подобриме и корегираме во одредени сегменти од играта, се со цел да бидеме што подобро подготвени и во добра форма за стартот на квалификациите.

" Имаме извонреди услови за работа, владее одлична позитивна енергија помеѓу нас фудбалерите, ги слушаме инструкциите на нашиот селектор, тренираме напорно и одлучно, верувам дека само со ваков пристап можеме да постигнеме нешто големо."

" За утрешниот меч против Летонија очекувам голема борба и пожртвуваност од наша страна. Целта е јасна, а тоа е победа. Сакаме да докажеме уште еднаш дека оваа генерација поседува победнички менталитет."

Покрај мечот со Летонија, нашите млади фудбалери овој контролен период ќе одиграат и против Финска (25 март) и Словачка (28март).