Спорт // Спорт
У21(ФОТО): Македонија има нови момци, победа против Бих во Скопје
Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, ја совлада селекцијата на БиХ со 1-0, средбата се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.
Селекторот Драган Канатларовски има нова генерација на фудбалери, која се прикажа во добро светло, се подготвува за новиот квалификациски циклус за ЕП.
Голот за победа е дело на репрезентативецот кој доаѓа од швајцарски Вил, Луан Абази во 47. минута од средбата.
Двете селекции ќе одиграат уште еден меч, в недела (12. јуни) од 17 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.