Уапсен Аца Лукас, се случило на пат кон Копаоник: Еве ги деталите за апсењето
Српскиот фолк-пејач Аца Лукас е приведен во текот на ноќта додека патувал за Копаоник. Пејачот бил во автомобилот кога сообраќајната полиција го запрела во близина на Брус и го однела на дополнително распит. Како што дознава „Република“, во автомобилот на Лукас биле пронајдени кокаин, марихуана и повеќе видови апчиња, поради што бил приведен.
Лукас бил на пат за Копаоник каде што требало да настапи. Од клубот каде што требало да има настап добиле информација дека нема да го пуштат, па пејачот синоќа не настапил на популарната планина. Неговиот автомобил е фотографиран синоќа пред полициската станица во Брус, каде што е приведен.
Ова апсење предизвика големо внимание во јавноста, со оглед на популарноста на пејачот Аце Лукас. Многу фанови изразија шокираност и загриженост поради овој настан, а имаше бројни шпекулации за причините за апсењето.
Аца Лукас не и е непознат на јавноста кога се во прашање инцидентите со законот. Пејаот и во минатото имаше проблеми со сообраќајните прописи, но ова се само дел од настаните кои дополнително го привлекоа вниманието на медиумите и јавноста.
Се обидовме да стапиме во контакт со популарниот фолкер, но тој не одговори на бројот познат на редакцијата. Никој од тимот на Лукас се уште не се огласил со тамошните медиуми, ниту на социјалните мрежи, а треба да почекаме да видиме што ќе каже пејачот кога ќе излезе од притвор.
Фото:Инстаграм
Извор: Republika.rs