Убавината исчезна, остана само кал: Каналите во Венеција скоро се исушени, гондолите заглавени во тиња! (ВИДЕО)

Каналите во Венеција скоро се исушија, а славните гондоли останаа заглавени во калта поради многу ниската плима што го погоди славниот туристички град.

Нивото на морето при мала плима е под нормалното ниво, кое се движи од -50 до 79 сантиметри, пренесува италијанската „Република“.

Причината за толку ниско ниво на Јадранското море за време на плимата и осеката е африканскиот антициклон, кој ги погоди северните делови на италијанскиот брег и донесе висок воздушен притисок.

Тоа дополнително го спушти нивото на морето при мала плима, „туркајќи го“ кон јужните делови на италијанскиот Јадран, каде се создава низок притисок на воздухот и каде нивото на морето сега е повисоко од вообичаеното, објаснуваат италијанските метеоролози.


Нивото на морето во моментов е пет сантиметри под долната граница, на надморска височина од -55, поради што многу канали се практично без вода, а научниците наведуваат дека рекордно ниското ниво достигнало дури до -100 сантиметри.


Фото: Youtube/screenshoot/La Repubblica
Можеби ќе ве интересира: