Убедлив пораз на Македонија, Египет во финале на Медитеранските игри

Македонија е убедливо поразена од Египет на Медитеранските игри, со тоа ја загуби шансата за финале во Оран, Алжир.

Египет кој игра во полн состав, беше подобар од Македонија која настапува со подмладен тим со резултат 34-20.

Тројца наши играчи имаа идентичен ефект, по три гола запишаа Павле Атанасијевиќ, Џонов, Стојковски и Јагуриновски, кај Египет се истакна Санад со осум погодоци.

Во борба за третото место нашите репрезентативци ќе играат со поразениот од дуелот Шпанија – Србија.