Убедливо најопасната болест на денешницата- причината е јасна

Парадоксот на современиот живот и социјалните мрежи ... Сите велат дека современите медиуми и социјалните мрежи ни овозможуваат да се поврземе со другите луѓе побрзо и подобро отколку во кое било време во историјата - а сепак, многу луѓе се чувствуваат осамени и поизолирани од кога било досега.

Една нова студија привлече внимание со нејзините резултати, сугерирајќи дека Фејсбук и другите социјални мрежи или заедници - како и многу други работи во современиот живот - ги зголемуваат нивоата на осаменост што го поткопуваат менталното и физичкото здравје на луѓето.

Анкетата спроведена од осигурителна компанија откри широко распространета осаменост. Откриено е дека скоро половина од Американците се осамени, изолирани или запоставени барем некое време.

Застрашувачка бројка е дека околу 75 милиони млади Американци на возраст од 18-27 години се чувствуваат осамени и со лошо здравје отколку постарите генерации.

Покрај тоа, 54% од испитаниците рекле дека сметаат дека никој не ги знае добро, а 4 на 10 анкетирани изјавиле дека им недостасува социјална дружба, дека нивните „односи не биле значајни“ и дека се „изолирани од другите“.

Епидемија и убиец од 21 век

Резултатите од истражувањето покажуваат дека проблемот достигнал „епидемиски“ пропорции, заедно со ризиците од пушењето и алкохолизмот.

Осаменоста има исто влијание врз смртноста како и кога пушите 15 цигари на ден, што го прави уште поопасно од дебелината.

Зголемена закана

Истражувачи и други здравствени експерти предупредуваат дека нештата треба да се насочат кон кампањите за јавното здравство, како што се активности за борба против пушењето, зголемување на имунизацијата (вакцинирање), борба против дебелината и спречување на ширење на СИДА. Но секако, треба да бидат насочени и кон осаменоста.

Во современиот свет постои парадокс - најчестите патологии не се срцеви заболувања или дијабетес, туку осаменост.

Осаменоста е растечка здравствена епидемија. Живееме во најтехнолошки развиена ера во историјата на цивилизацијата, а стапката на осаменост се удвои од 1980-тите до денес.

Истражувањата зборуваат дека осаменоста  „на запад и во развиените земји“, но и во нашиот регион ги доживуваат „последиците од современиот начин на живот“, а сè повеќе млади и постари луѓе се чувствуваат осамено.

Интернет истражувања

Една модерна, сигурна статистичка анкета преку Интернет вклучуваше повеќе од 20.000 возрасни во САД. Се користеше добро оценет метод за проценка на осаменоста („Скалата за осаменост на универзитетот на УКЛА“) за да се види колку е раширена осаменоста во Америка.

Некои резултати:

• Скоро половина од Американците понекогаш или секогаш се чувствуваат осамени (46%) или запоставени (47%).

• Распространетата употреба на социјалните мрежи е една од причините што предизвикува осаменост кај децата и младите.

• Осаменоста е поттикната од различни нешта: прекумерни барања за работа, несоодветни распореди за спиење, недоволно квалитетно време поминато за семејство или дружење со пријателите и недостаток на слободно време.

Експертите за ментално здравје укажуваат дека резултатите од ова истражување се само дополнителни со серија резултати кои го документираат порастот на нивото на отуѓување и осаменост и сродните лоши ефекти врз целокупното здравје на младата генерација.

Последици

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се осамени и изолирани, со поголема веројатност имаат срцеви заболувања и мозочен удар, имаат проблеми со нивниот имунолошки систем, па дури и со помала веројатност да закрепнат од карцином.

Осаменоста е тесно поврзана со депресијата и може да доведе до рана смрт. Лекарите кои проучувале осаменост и нејзините здравствени импликации откриле дека осаменоста предизвикува предвремена смрт кај голем број луѓе од сите возрасти.

Во 2017 година, беа сумирани резултатите од повеќе студии (218 студии со околу четири милиони учесници) кои сумираат осаменост и социјална изолација со бројни здравствени ризици:

- Поголемата социјална врска е поврзана со 50% помала шанса за рана смрт

- социјалната изолација, осаменоста ги зголемуваат шансите за предвремена смрт барем колку и дебелината.

Проценки

Експертите проценуваат дека доколку не се стори нешто, ситуацијата ќе се влоши:

- Се повеќе постара популација и зголемена изолација и осаменост, што значително ќе го зголеми ризикот од предвремена смртност и сегашната здравствена заштита нема да може да го спречи ова

- осаменоста и социјалната изолација на старите лица се само погодни за развој на Алхајцмерова болест

- голем број (приближно 40 милиони) постари Американци страдаат од „хронична осаменост“

- Истражувањата на постари 45 години покажаа дека голем број (55%) осамени го оценуваат своето здравје лошо, додека помал број на лица кои не се чувствуваат осамени (25%) сметаат дека нивното здравје е лошо.

Во Велика Британија, тие се свесни за оваа опасност, па дури и размислуваат за воведување на „министерство и министер за осаменост“

Осаменост, изолација и отуѓување

Осаменоста не е клиничко нарушување и се разликува од сериозните чувства на изолација и отуѓување, но може да биде знак за подлабоки психолошки проблеми.

Осаменоста е чувство што може да биде минливо и може да се справи со промените во животот.

Изолацијата или отуѓувањето може да биде резултат на повеќе состојби што можат да бидат резултат на хронична осаменост; повлекување од самонаметнати односи или резултат на одбивање од страна на другите.

Како да се чувствувате помалку осамени?

-Групи за поддршка,

- Граѓански активности,

- Часови за образование на возрасни,

-формирање на социјалните групи,

- волонтерство,

-релевантни активности,

- политички активизам,

-клубови на читатели или книжевни вечери

- Туристички клубови

- страници за дружење

Уште неколку запазуања за осаменоста

Спиење: Луѓето кои спијат подолго и со подобар квалитет имаат помало чувство на осаменост.

Семејно време: Луѓето кои поминуваат повеќе време со семејството или пријателите се чувствуваат помалку осамени.

Вежбање: Луѓето кои редовно вежбаат, а особено во места со многу луѓе, се помалку осамени.

Работа: Луѓето кои работат премногу напорно, прекувремено или две или повеќе работни места, се преокупирани со работа- почесто се чувствуваат осамени. Луѓето кои работат, „нормално работно време“, прават паузи, во тим или во групи и тимови - се чувствуваат помалку осамени.

Белешки

Луѓето имаат основна потреба за чувство на „припадност“, но дружењето со другите преку социјалните мрежи може да ги доведе во опасност овие чувства.

Обично, социјалните мрежи ги покажуваат најдобрите искуства, при што секој се обидува да изгледа како победник и да се појави во најдобро светло. Гледањето на сите оние прекрасни забави, одморите, оброците и слично на кои уживаат нашите „пријатели“ - може да нè направи ужасно осамени.

Постигнувањата на Интернет можат да помогнат во решавањето на осаменоста ако се придонесе за создавање интеракции лице-в-лице. Корисниците на социјалните мрежи, особено помладите, треба да бидат охрабрени да ги гледаат дигиталните комуникации како начин за поврзување со други луѓе, а не како пасивна активност - сакајќи или копирајќи ги другите мислења.