Учиме преку грешките: Мудри мисли од Гете
Јохан Волфганг вон Гете (1749 – 1832) бил германски писател и државник. Бил ран учесник во литературното движење познато под името „Штурм унд дранг“. За време на неговите први десет години во Вајмар, Гете служел како член на советот, работел во воените и патните комисии, ги надгледувал рудниците на сребро во соседниот град Илменау и вовел серија административни реформи во универзитетот во Јена. Исто така придонел и во планирањето на Вајмарскиот ботанички парк, како и повторната изградба на Војводската палата, кога во 1998 била прогласена за светско наследство од страна на УНЕСКО.
Eве најдобрите мудрости и мисли од овој автор кои долго ќе ги паметите:
1. Се додека имаш доверба во себе, ќе знаеш како да живееш.
2. Човекот во светот го гледа тоа што го носи во срцето.
3. Нема ништо пострашно од незнаењето на дело.
4. Секој ден човек треба да слушне барем една добра песна, да прочита барем една поема, да види убава слика и ако е можно, да каже неколку разумни збора.
5. Никој не е толку безнадежно поробен како оние кои лажно веруваат дека се слободни.
6. Човештвото е монотона работа. Повеќето луѓе поголемиот дел од нивниот живот го минуваат во работа за да можат да преживеат, и тоа малку слобода што им преотанува ги плаши, па изнаоѓаат најразлични начини да се ослободат од неа.
7. Нема ништо полошо од агресивната глупост.
8. Тие што не знаат ништо за другите јазици, ни својот не го познаваат.
9. Животот им припаѓа на живите, и тој кој живее мора да е подготвен за промени.
10. Човекот го слуша само тоа што го разбира.
11. Сѐ што можете да го направите, или за кое мечтаете да би можеле, започнете го. Храброста ги има генијот, моќта и магијата во самата себе.
12. Го освоив тоа срце, таа благородна душа во чиешто присуство станував поголем отколку што навистина бев, бидејќи јас бев сѐ што можев да бидам.
13. Учиме преку грешките.
14. Храбрите идеи се како шаховски фигури придвижени нанапред. Можеби самите тие ќе бидат поразени, но можат да бидат почеток на победата.
15. Човек секој ден треба да слуша малку музика, малку да чита поезија и да види убава слика, бидејќи секојдневните грижи не треба да го поништат чувството за убавина кое Бог го всадил во човечката душа.
16. Лесно можете да го процените нечиј карактер по тоа како тој се однесува кон луѓето кои за него не можат да сторат ништо.
17. Не мора да посетиме лудница за да наидеме на нарушени умови. Нашата планета е лудницата на вселената.
18. Ако кон некого се однесувате според тоа што е, тој ќе остане таков каков што е. Но ако се однесувате кон него каков што би требало и би можел да биде, тој ќе стане таков каков што би требало и би можел да биде.
20. Да се размислува е лесно. Тешко е да се дејствува. Но најтешко на светот е да се дејствува во согласност со вашето размислување.