УЕФА ги потврди новите промени во Лигата на шампионите, на сила од 2024/25
УЕФА донесе промени во елитното натпреварување, Лигата на шампиони од сезоната 2024/2025 нема да има групната фаза, а зголемен е бројот на учесници.
По „швајцарски систем“ Лигата на шампиони ќе има една лига, ќе брои 36 клубови наместо 32 како досега.
Според пормените, најдобрите осум на табелата ќе се пласираат во елиминациската фаза, а останатите ќе играат бараж за преостанатите осум места во првата нокаут рунда.
УЕФА донесе и и правило, едно место плус во ЛШ добива петопласираната земја на ранг-листата, едно дополнително место е предвидено за „малите земији“ преку квалификациска група, според ова, пет наместо досегашните четири тимови ќе влезат преку квалификациите, а две места ќе добијат најдобрите две земји според резултатите во последната сезона.