Спорт // Спорт
УЕФА: Грција профитираше од санкциите на Русија, Суперкупот на Европа ќе се игра во Атина
УЕФА на Русија и ја одзеде организацијата на на Суперкупот на Европа и наместо во Казањ, како што беше планирано, шампионот на Европа и освојувачот на пехарот во Лигата на Европа на 16 август ќе играат во Атина, Грција.
Суперкупот ќе се игра на „Георгиос Караискакис“ во Атина годинава на 16 август.
Извршниот комитет на УЕФА пракитчно ја продолжи суспензијата на Русија во Европските натпреварувања поради војната со Украина.
Русија нема да игра квалификации за Европското првенство во Германија во 2024 година, клубовите им се исфрлени од еврокуповите, па и ваква одлука за Суперкупот беше очекувана од УЕФА.