Украинската песна е посветена на жена која повеќе ја нема: Синоќа блеснаа на Евровизија, а еве што значат зборовите на нивната песна
Украинскиот бенд, кој ја претставува оваа земја на Евровизија, оркестарот Калуш, со неверојатна брзина се искачи на првото место кај обложувалниците за победник на ова натпреварување, откако првобитната претставничка на оваа земја, Алина Паш се повлече од натпреварувањето.
Оркестарот Калуш синоќа блесна во полн сјај за време на првата полуфинална вечер од натпреварувањето и со тоа ја оправда победничката прогноза. Сепак, овој бенд кој на интересен начин ги спои хип хопот и традиционалниот украински звук, за многумина остана енигма поради непознавањето на нивниот јазик.
Песната „Стефаниа“ со која синоќа ја претставија Украина е посветена на мајките, а кога ќе ги земеме предвид актуелните околности околу конфликтот со Русија, нејзината емоција е посилно доживеана.
Нивната песна е за мајка која на своето дете му ја дала сета љубов и знаење на светот, а таа повеќе ја нема.
Со политички контекст во кој сите сакаат да ја поддржат загрозената Украина и таков емотивен текст, совршена изведба и неверојатна комбинација на жанрови и музика, станува јасно зошто оркестарот Калуш во моментов е најголемиот фаворит за победа.
Да потсетиме, оркестарот Калуш го освои второто место на тамошните избори, па беше одлучено тие да ја претставуваат Украина, а Алина Паш, која го освои првото место, објави зошто се повлече од натпреварот.
- Јас сум државјанин на Украина, ги следам законите на Украина и се трудам да ја покажам светата традиција и вредности на Украина. Како се разви оваа приказна, воопшто не е она за што се работи во мојата песна. Јас сум уметник, а не политичар. Немам армија од ПР луѓе, менаџери и адвокати за да можам да одолеам на сите овие напади и притисоци, како и закани – напиша таа по победата.
Еве како изгледаше настапот на оркестарот Калуш на првата полуфинална вечер на Евровизија, благодарение на што успеаја да се пласираат во финалето на ова престижно натпреварување кое ќе се одржи во сабота на 14 мај.
Фото и Видео: Youtube