Уникатен матурски изглед со парчињата од Dan John, Mango Man и Bitsiani

Ако сè уште сте во дилема за тоа како да блеснете на една од најважните забави во вашиот живот, Fashion Group е тука за да ви ја олесни потрагата. 

Одбравме некои од највпечатливите парчиња од новата сезона со потпис на Mango Man, Bitsiani и Dan John и направивме супер стилски каталог за матурите со кој на најлесен можен начин ќе ги одберете сите фаворити за изгледот што си го замисливте. 

Како и секогаш, Fashion Group советува кои се најголемите трендови кај момците во пролетниот период, а сето тоа преточено во одлична фотосесија преку која веруваме ќе си се замислите себеси и нема да се двоумите да излезете од комфорната зона. 

Оваа матурска сезона, обидете се да ги срушите стереотипите за тоа како треба да изгледа едно стилско момче и одберете шик маичка со интересен дизајн врз која без двоумење ќе го облечете омилениот костим. 

Ако сте од оние пак кои ги обожуваат токму костимите, но не се пронаоѓате себеси во понудата на чевли, тогаш без никаков проблем комбинирајте го со омилените патики во соодветна боја и бидете шик момчето на вечерта, што ќе направи најмногу кул фотографии. 

Изборот во омилените продавници на момците како Bitsiani, Dan John и Mango Man оваа сезона е подобар од кога и да е, па задолжително посетете ги или погледнете ги парчињата онлајн и олеснете си ја потрагата по совршената комбинација. 

Како и секогаш, секое едно парче од новите колекции е изработено со многу љубов, од исклучително квалитетни материјали, со модерни кроеви што ги прават супер неодоливи и единствени како и секогаш. 

Преку оваа фотосесија, тимот на Fashion Group ви помага и во однос на тоа како да комбинирате супер бои, а сепак да изгледате толку кул, како да носите смокинг, а да бидете тотално урбани, како да носите полежерни парчиња, а сепак да бидете ултра впечатливи.

Како и за секоја друга свечена пригода, ниту овојпат не заборавајте на модните додатоци како вратоврска, украсни марамчиња, ремени, марами и што уште не, и сето тоа, комбинирано на соодветен начин за дадената комбинација. 

Бидете ѕвезда на матурската вечер и без двоумење експериментирајте со стилот одбирајќи костим во јака боја што дефинитивно ќе ве истакне од толпата. 

Сега е вистинско време да почнете да размислувате за совршената матурска комбинација, а ние ве очекуваме во нашите продавници за заедно да го одбереме она што најмногу ви одговара, но и онлајн за сите веќе замислени стајлинзи. 

Организација и реализација: Fashion Group

Фотограф: Наташа Величковска

Локации: Woodstock Beer Bar, катна гаража Ragusa 360

Модели: Андреј Пајмаковски, Даниелс, Мухамед Енуз 

Комбинации: Dan John, Bitsiani, Mango Man

Шминка: Милена Косич

*пр-објава