УНИКАТЕН ПРИСТАП: Нов Зеланд успешно се бори против короната

Нов Зеланд не само што ја израмни кривата, тука и ја смачка. 

Земјата се обиде целосно да ја искорени заразата со коронавирусот. 

Поминаа помалку од две недели откако Нов Зеланд ги забрани пливањето на плажа и ловот.

Луѓето шетаат и возат велосипед строго во своите населби; наредени во редици на растојание од два метри пред продавниците за храна.

Потребни беа само 10 дена за да се појават знаците дека овој пристап функционира.

Бројот на новите случаи паѓа два дена по ред, и покрај огромното зголемување на тестирањето, а вчера имаше пријавено 54 потврдени или веројатни случаи. 

Бројот на лицата што оздравеле, 65, го надминува бројот на дневните новозаразени.